Почитувани членови на Фото Сојузот на Македонија.
Филмскиот Фонд на Македонија сака да направи брошура/продукциски водич на Македонија, со која сака да ги презентира условите за снимање на филмови во земјава. Текстот во брошурата ќе го илустрираат со фотографии од разни локации од Македонија. Брошурата би имала околу пеесетина и/или повеќе фотографии.
ИО на Фото Сојузот на Македонија во договор со Филмскиот Фонд, заради барањето за висок квалитет на фотографиите, одлучи дека во брошурата ќе бидат објавувани фотографии исклучиво од членови на Фото Сојузот на Македонија. Секоја фотографија која ќе биде објавена брошурата, ќе биде хонорирана со 1500 денари (нето). Филмскиот Фонд би имал право на користење на фотографиите само за брошурата и максимален формат на печатење до А5.
Фотографиите кои ќе се испраќаат се очекува да прикажуваат широки и полушироки планови од разни локации-исклучиво од Република Македонија, не треба да бидат забележливо обработувани, односно, треба да е пренесена „реалната слика“ на локацијата.
Сите заинтересирани членови на Фото Сојузот на Македонија, можат да испратат свои фотографии до Боро Рудиќ (boro11@gmail.com). Фотографиите кои ќе се испратат на разгледување треба да се со максимален формат 24×36 cm, и резолуција 72 dpi. Секој фајл треба да биде означен со Име Презиме_Локација. (на пр. Пере Перовски_Кораб ). Фотографиите кои не ги исполнуваат овие барања нема да се разгледуваат.
Фотографиите треба да се испратат најдоцна до 29.11.2013.
Крајниот избор на фотографии за брошурата ќе го направат одговорните од Филмскиот Фонд на Македонија.
По финалнит избор, сите автори чии фотографии се избрани за брошурата, ќе требаат да испратат фотографии во дигитален формат со димензии 15x21cm и резолуција 300 dpi.