“Фотографската техника не е никаква тајна и – доколку Ве интересира – лесно можете да ја совладате. Но инспирацијата доаѓа од душата и кога музата не е тука покрај Вас, дури и најдобриот светломер не помага. Во нивните биографии, за уметниците како Микеланџело, Да Винчи и Бах е кажано дека нивната највредна техника била нивната способност да се инспирираат себеси. Ова важи за сите уметници; тогаш кога имате нешто да кажете, ќе се најде начин тоа и да го кажете”. РалфГибсон
Ралф Гибсон е американски фотограф најпознат по неговите фотографски книги. Неговите фотографии често вклучуваат фрагменти со еротски и мистериозни елементи, градејќи го наративното значење преку контекстуалното и надреалното. Неговите фотографии се вклучени во повеќе од сто и педесет музејски збирки во светот. Гибсон моментално живее во Њујорк и често патува во Европа и Бразил.
Драги Неделчевски – Фото сојуз на Македонија, 2013 година