„Да снимаш фотографии значи во дел од секундата да ги препознаеш: мотивот што гофотографираш и строгата организација на визуелните форми кои на мотивот му даваатзначење. Тоа значи главата, окото и срцето на фотографот да се доведат во една оска.“ Анри Картие-Бресон
Анри Картие-Бресон (1908-2004) е еден од најоригиналните, највлијателните и најпочитуваните фотографи (фоторепортери) во историјата на фотографијата. Неговата способност да ги „зароби“ вистинските моменти од животот кој тече, направи неговата работа да биде синоним за “решавачкиот момент” во фотографијата. По Втората светска војна, заедно со Роберт Капа и други фотографиистомисленици ја основа Фото агенцијата Магнум. Целиот свој живот снимал репортажипо целиот свет со минимум фотографска опрема – Leica M и со еден објектив од 50мм.
Драги Неделчевски – Фото сојуз на Македонија, 2013 година