КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ФОТОГРАФСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ФОТОГРАФСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

„ТРЕТМАНОТ НА ФОТОГРАФСКИТЕ АРХИВИ – ПОТЕНЦИЈАЛИ И ПРЕДИЗВИЦИ“

На 9. и 10. декември 2013 Македонскиот центар за фотографија во соработка со Кинотека на Македонија ќе организира конференција на тема: „Третманот на фотографските архиви – потенцијали и предизвици“, чија основна цел е да придонесе во подигање на јавната свест за потребата од заштита на фотографските архиви во Македонија.

 

Овој дводневен настан предвидува презентации и дискусии за генеричките карактеристики на архивите, вклучувајќи теми за создавање на фотографските архиви, употреба на колекциите во уметнички и научно-истражувачки цели и конзервациски практики. На конференцијата ќе учествуваат: Роберт Јанкулоски, Дијана Томиќ Радевска, Марија Пандевска, Игор Старделов, Ацо Кимовски и Лидија Пајевиќ. Специјален гостин на конференцијата ќе биде г-дин Херман Маес, конзерватор од Холандскиот музеј за фотографија од Ротердам (Netherlands Fotomuseum). За време на конференцијата ќе биде прикажан и краткиот документарен филм од 1963 „Културно богатство во урнатини“ во продукција на Вардар филм. Настанот ќе се одржи во просториите на Кинотека на Македонија и е отворен за јавноста.

Конференцијата е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го спроведува Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

 

Оваа статија е објавена во Вести.

Comments are closed.