„Немам некоја дарба да зборувам, затоа се изразувам со фотографии.“ Хелен Левит
Една од најважните личности во современата фотографија е њујорчанката Хелен Левит. За повеќе од 60 години, нејзините тивки, поетски фотографии направени на улиците на градот каде што го живееше поголемиот дел од својот живот, инспирираа и воодушевуваа генерации фотографи, студенти, колекционери, куратори и љубители на уметноста, воопшто. Во текот на нејзината долга кариера, фотографиите на Хелен Левит го портретираа искрено животот на луѓето на улиците на Њујорк. За неа велат дека била „еден од најголемите поети на урбаниот живот.“
Драги Неделчевски –
Фото сојуз на Македонија, 2014 година