Веќе седма година по ред, обврзна летна дестинација за сите оние кои животот го гледаат низ визирот на фото апаратот, е најголемиот фестивал на фотографијата во регионот, сместен во магичната Истра, Rovinj Photodays.
Фестивалските активности вклучуваат организација на годишен натпревар, патувачки изложби во текот на целата година, соработка со културни институции и галерии и гала завршница на фестивалот во Ровињ, исполнета со работилници, предавања, прегледувања на портфолија, изложби…
За разика од минатите години, оваа година големиот натпревар кој до лани ја пратеше само хрватската современа фотографија, од ова издание ќе биде отворен и за целокупната европска фотографска сцена. Сите финалисти на годишниот натпревар остваруваат право да учествуваат на патувачката групна изложба, а победниците ја добиваат традиционалната статуа „Кадар“.
Главен селектор на овогодинешниот натпревар е еден од највлијателните светски фотографски познавачи – Tod Papageorge. Најпознат по својата 30 годишна челна улога на дипломските студии за фотографија на америчкиот колеџ Yale University school of Art. Под негово влијание израснаа фотографите како: Philipa-Lorce diCorcie, Lois Connor, Abelarda Morella, Gregorya Crewdsona, An My Le, Katy Grannan, Richarda Mossea и други.
За примарна селекција на пристигнатите фотографии од државите од регионов, ќе бидат задолжени национални селектори, кои од сите пристигнати дела треба да одберат 20 најуспешни, кои ќе ја претставуваат државата во главната селекција за натпреварот. Селектори од Македонија се: Драги Неделчевски, Елена Бојаџиева-Цветковска и Роберт Јанкулоски.
Учесниците смеат да пријават до 8 пријави во било која категорија. Фотографиите мора да бидат настанати во текот на 2013 год. Исклучок е само категоријата „Уметнички концепт“ каде се дозвлоени максимално до 2 пријави, а датумот на настанување на фотографиите нема значење.
Пријавите можат да бидат составени од поединечни фотографии или од серија до 6 фотографии. Единствено во категоријата „Уметнички концепт“, пријавата може да содржи 8 до 16 фотографии.
Категории:
1. Архитектура
2. Мода
3. Пејсаж
4. Портрет
5. Акт/Тело
6. Документарна фотографија
Издвоена категорија:
7. Уметнички концепт (серија фотографии со јасно дефинирана идеја и наменета е за изложување во галерии и музеи)
Фотографиите се пријавуваат online во jpg формат, со 1200px на подогата страна, до 2mb на веб страната на фестивалот.
Детални податоци околу пријавувањето на 1st International Competition of Contemporary Photography – 7th RovinjPhotodays, 2014 може да најдете ТУКА.