Патувачката изложба Елема Монохроматик, колекција составена по повод 50 годишнината на ФК Елема во 2012 година, на први Февруари, 2014 година ќе биде поставена во Прага, во еден неформален изложбен простор. Изложбата ќе може да се погледне во текот на месец Февруари.
Овие изложби се во организација на самиот клуб и партнери од Европа, инситуции и поединци, кои побарале изложбата да ја претстават во нивната галерија, град, држава. До сега изложбата била поставена во Марибор – во рамките на манифестацијата европски град на културата во 2012, во Сараево како настан кој го отвори фестивалот Право Људски и сега во Прага, во Literární kavárna, еден култен неформален излагачки простор.
Колекцијата брои триесетина дела и е составена од страна на уметничкиот совет на ФК Елема а се состои од дела на следните автори и авторки, кои членуваат во клубот, односно:
- Боро Рудиќ
- Цветан Гавровски
- Дарко Петровски
- Дејан Гилески –
- Емин Кумбараџи
- Игор Костов
- Катарина Ристовска
- Љупчо Ристовски
- Маја Аргакијева
- Раде Луковиќ
- Сања Бутерин
- Сашо Н. Алушевски
- Татјана Ранташа
- Трајче Атанасовски
- Вацлав Лукиќ
- Владимир Арсовски
- Владимир Секуловски
- Менче Петреска
- Кирил Штрков
- Зоран Ивановски
- Luis Alberto Franke – почесен член на клубот
- Илчо Трајковски
Изложбата ќе може да се погледне во текот на месец Февруари.