Галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија во 2013

Како и минатиот јануари, на наштата страница и оваа година имаме галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија, од годината што измина. Веруваме дека, кога вака се поставени фотографиите, на едно место, се добива и една поинаква, посериозна слика за нашата авторска сцена. Веруваме дека значаен дел од прикажаното ќе ве изненади, поттикне, заскокотка…

Галеријата е составена од фотографии кои биле претставени на некоја изложба, значи поминале некаква селекција и/или биле наградени.

FotogrupaChkrapTetovo_Aleksandra_Noveska_Excited

Александра Новеска

Фотографиите ги испраќаа клубовите кои самите ги избираа фотографиите, според  дадениот критериум, односно самостојните автори, кои оваа година се претставени се помалку од прстите на една рака. Најголем дел од клубовите педантно си ја завршија работата. Дел од клубовите не одговорија на барањето. Онаму каде што имавме повеќе од бараните дванаесет фотографии, по случаен избор беа избришани дел од фотографиите, за да се дојде до фер третман кон сите клубови и автори. Веруваме дека следната година ќе имаме уште поголем број на потенцијални кандидати и од ова искуство ќе научиме како подобро да се преставиме меѓусебно.

 

Затоа што сето ова е од „нас за нас“.

Уживајте во Галеријата на дел од фотографиите кои ја одбележаа 2013 година

Оваа статија е објавена во Авторска фотографија, Занимливости, Останато.

Comments are closed.