Синоќа почина нашиот драг колега Чедомир Ненковиќ, големиот фоторепортер со уметничка душа.
Познатиот македонски фоторепортер Чедомир Ненковиќ, чии дела оставија длабоки траги во македонското новинарство, а беа објавувани и од многу странски и домашни медиуми и агенции, почина синоќа.
Буби, како што ги викаше неговите пријатели и колеги, а така го викаа и тие кои работеа со него, беше познат не само по својот професионализам, туку и како голем шегаџија, голем другар, и голем поддржувач на младите и надежни фотографи, кои покрај него ја засакаа таа професија.
Зад себе имаше долг работен век, а како фоторепортер работеше во дневниот весник „Вечер“, а од првите денови на формирањето на дневниот весник „Дневник“ беше назначен за уредник на фотографија. Работеше и како дописник на новинската агенција „Танјуг“, а има реализирано и повеќе фоторепортажи за познатиот магазин „Нешенел Џиографик“.
Еден од поистакнатите периоди во неговото творештво беше во времето на косовската криза во 1999 година, но и во оружениот конфликт од 2001 година во нашата земја, а неговите мајсторски фотографии беа преземани од низа светски новински агенции, а за некои од нив доби и меѓународни награди.
Превземено од plusinfo.mk