Фото-конкурс за животот на ромската заедница во Македонија

„Под ист покрив“ е насловот на конкурсот по фотографија кој е започнат од страна на Civil Rights Defenders со цел да се зголеми видливоста на ромската популација во Македонија и секојдневните ситуации со кои се соочува оваа заедница. Конкурсот се реализира со поддршката на National Endowment for Democracy (NED).

Правила за учество на конкурсот

Сите жители на Република Македонија имаат право на учество на конкурсот со една или повеќе фотографии. Во случајот еден автор да конкурира со повеќе фотографии, само една може да биде изберена за конечните 20/12 фотографии.
Рокот за пријавување е до крајот на месец април.

Фотографиите кои ќе ги испратат учесниците мора да бидат авторски труд, односно тие мораат да бидат автори на фотографиите. Авторот на фотографијата мора да има неотуѓиви авторски права на фотографијата кои се дефинирани под важечките закони за авторски права.

Сите фотографии за конкурсот треба да се пратат преку е-пошта на адресата: macedonia.underthesameroof@civilrightsdefenders.org

Аке се фотографиите поголеми од 7Мб, треба да се пратат преку WeTransfer или кој било друг начин на споделување датотека на истата е-адреса. Фотографиите не треба да бидат помали од 600 пиксели.
Фотографии кои прикажуваат сцени на насилство и/или се навредливи на религиозна, национална, етничка и/или која било друга основа нема да бидат земени предвид.
За објавувањето на фотографии кои прикажуваат малолетни лица, потребна е пишано одбрение од нивните родители/старатели.
Најдобрите фотографии ќе бидат изберени од жири, чии членови ќе бидат дополнително објавени.

20те најдобри фотографии ќе бидат дел од изложба која ќе се одржи на 8ми април, Интернационалниот ден на Ромите (изложбата е поместена за 9ти мај денот на Европа). Најдобрите 12 фотографии ќе бидат испечатени како дел од посебен календар за 2014 година.
По изложбата, ќе се одржи јавна аукција на 20те најдобри фотографии. Собраниот износ ќе биде искористен за купување школски книги за потребите на децата Роми.

Оваа статија е објавена во Изложби.

Comments are closed.