52 Мајстори на фотографијата – Дајен Арбас

„Фотографијата е тајна за тајната. Колку повеќе ти кажува, толку помалку знаеш.“ Дајен Арбас.

014-Diane-ARBUS

© Diane Arbus, Woman in hat with roses and butterfly sunglasses

Дајен Арбас е американска фотографка, најмногу позната по црно-белите фотографии од среден формат, на кои се прикажани „девијантни и маргинални луѓе (џуџиња, џинови, транссексуалци, нудисти, циркузанти…) или луѓе коишто изгледаат некако грдо и надреално. “Дајен му се доверила на еден свој пријател: „Се плашам дека ќе бидам запаметена како фотограф на откачените…“. Во 1971 година таа извршила самоубиство. Многумина веруваат дека не можела да го издржи притисокот на „сликите“ со кои била секојдневно во допир.

Драги Неделчевски –

Фото сојуз на Македонија, 2014 година

 

Оваа статија е објавена во Авторска фотографија, Занимливости, Научи.

Comments are closed.