За некои тоа можеби звучи неверојатно, но скоро од самите почетоци на фотофрафијата, дел од авторите се изразуваат или заработуваат на фотографија која изобилува со ласцивност односно со експицитни женски ( и машки) голи тела, чија основна намена е задоволување на воајерските страсти на оние кои ги консумираат, а во ретки случаи станува збор за вистински уметнички тенденции и дела. Во секој случај, од оваа дистанца, може многу да се научи како за фотографијата во основна смисла, така и за културните вредности од тоа време, за нормите и очекувањата, за посакуваниот изглед и став, за тоа што се доживува како привлечно и посакувано тело-конституциите на жените во голема мерка повеќе потсетуваат на преференциите на баба ви, или на сестрите Кардаши отколку да речеме на Кејт Мос или на која и да е девојка од „гламурозните“ модни писти од една страна, а од друга, можеби ќе ви го привлече вниманието и комотноста со својот изглед и своите тела, на голем дел од моделите, кои, според денешните вкалапени стандарди, никако не би можеле да се појават во некое слично издание. .
Уживајте (18+)
Еротска фотографија (18+)
Оваа статија е објавена во Занимливости, Научи.