„Во фотографијата нема сенки што не можат да бидат осветлени. “Август Зандер
Август Зандер бил германски портретен и документарен фотограф. Првата книга на Зандер, „Лицето на нашето време“, била објавена во 1929 година. За него се вели дека е најзначаен германски портретен фотограф од почетокот на дваесеттиот век.
Неговата работа вклучува пејзажи, природа, архитектура и улична фотографија, но тој е најпознат по неговите портрети, како што е неговата серија „Луѓе од 20-от век“. Со оваа серија, тој прави пресек на општеството на Вајмарската Република. Во архивата на Зандер има над 40.000 фотографии.
Драги Неделчевски –
Фото сојуз на Македонија, 2014 година