„Бев сведок и овие фотографии се мојотт естамент. Настаните кои ги забележав не треба да се заборават и не смеат да се повторат.“ Џејмс Начвеј
Фоторепортерот Џејмс Начвеј се смета за еден од најдобрите воени фотографи последниве децении. Со својот ангажман има „покриено“ конфликти во повеќе од 30 земји. Работел за Тајм, Магнум, агенцијата VII…Меѓутоа, кога сакал да „покрие“ некои теми, а за тоа агенциите не биле заинтересирани (како сториите за романските сиропиталишта и гладот во Сомалија), тогаш тие проекти ги финансирал самиот.
Тој е во срцето на настанот, фотографира од непосредна близина, или како што вели самиот „Јас сум во истиот интимен простор во кој живеат оние кои ги фотографирам.“
Драги Неделчевски –
Фото сојуз на Македонија, 2014 година