П р о г р а м а
за Денови на македонската фотографија 2014
Денови на македонската фотографија 2014 ќе се одржи во рамки на манифестацијата „Скопско лето“ 2014.
Отворањето на изложбa ќе биде на 05.07.2014 во 20ч.
ДМФ 2014 Правила за учество (DMF_2014_pravila)
Програма:
52-рa државна изложба на фотогрфии “ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА 2014“
– Време: 05.07.2014 во 20 часот
– Место: Мултимедијален центар „Мала станица“
Поставката претставува пресек на творештвото на авторите во тековната година, каде што ќе бидат поделени серија награди и дипломи за најуспешните трудови и автори, како и специјалната награда „Благој Дрнков“.
2. Современа бугарска фотографија
– Време: 16.07.2014 во 20:00 часот
– Место: Мултимедијален центар „Мала станица“
Поставката е составена од 50 фотографии на современи бугарски автори, настанати во периодот од 2000-та година па до денес. Оваа фото-колекција претставува стилски хетерогени и тематски различни пристапи и авторски концепти, со јасен печат на авторство во секое дело. Kуратор на оваа изложба е познатиот бугарски фотограф, Јавор Попов, председател на здружението “Фотографска Академија“ од чија архива (преку 7000 фотографии) е оформена оваа колекција.
3. Самостојна изложба на Драги Неделчевски (Ф1 ФСМ)
– Време: 22.07.2014 во 20:30 часот
– Место: Ликовен салон на Тутунска банка
Изложбата е со наслов: „ФОТОГРАФИ(И)“.
Taa се состои од 40 црно-бели фотографии – портрети од фотографи кои авторот ги фотографирал додека тие го фотографирале него. Фотографиите (со мали исклучоци) се направени последниве 4 години (2010 – 2014). Во време на разни его трипови, за оваа изложба, на прв поглед, може да се помисли дека е уште еден „его трип“, овојпат на авторот Драги Неделчевски. Фотограф ги фотографира своите колеги, додека тие го фотографираат него. Но, под маската на уште една егоцентрична ескапада можеби се крие материјал за идните истражувачи на феноменот на фотографијата. Кои биле фотографите (познати или не на авторот) кои се фотографирани? Со какви фотоапарати, (техника), се фотографирало? Каков е односот на фотографите кон чинот на фотографирањето? Ова се нешта кои често не се забележуваат. Најмногу затоа што фотографот најчето е скриен и се гледа само фотографијата што тој ја снимил.
Ова е можност да го видиме фотографот во главна улога. И можност да се видат 40 портрети кои ги поврзува едно нешто: моментот и чинот на фотографирањето.