„Ме интересираат сите аспекти на фотографијата и јас ја чувствувам истата љубопитност за женското тело и истата љубопитност и љубов за пејзажот. Во секој случај голото тело е една форма на пејзаж. Нема причини за моите фотографии, нема правила, се зависи од расположението во момоментот на снимање како и од расположението на моделот.“ Жанлу Сјеф.
Жанлу Сјеф (1933-2000) беше голем француски фотограф. Работел како слободен репортер, потоа почнал да работи модна фотографија, а во 1958 станува член на агенцијата „Магнум“. Сјеф беше ѕвезда, и има добиено многу високи награди за својата работа. Работел за најпознатите светски модни магазини, а има издадено многу книги. Неговите црно бели фотографии секогаш се перфекто отпечатени, а на нив најчести мотиви се жените, пејзажите и луѓето од светот на филмот и музиката.
Драги Неделчевски –
Фото сојуз на Македонија, 2014 година