ДА ГО СОБЕРЕМЕ НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА НА ЕДНО МЕСТО!!!!

Почитувани фотографи,

Фото-кино клуб „Козјак“, има чест да ве покани да земете учество на нашата изложба „УЛИЦА 2015“. Изложбата е под патронажа на Фото сојузот на Р. Македонија и под покровотелство на Министерството за култура на Р. Македонија.
ДА ГО СОБЕРЕМЕ НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА НА ЕДНО МЕСТО!!!!
 
ТЕМИ:
УЛИЦА – (Дигитална)
СЛОБОДНА – (Принт)
 
 
Краен рок за прием на фотографии: 24.04.2015 година.
Со почит
ФКК Козјак Куманово

Организатор:

Организатор на Републичка изложба на уметничка фотографија„ УЛИЦA“ 2015 е Фото Кино Клуб Козјак – Куманово .

Право на учество:

Изложбата е отворена за сите граѓани на Република Македонија.

Тема:

Улица /Дигитал/

Слободна /Принт/

БРОЈ И ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ФОТОГРАФИИ

На Републичка изложба на уметничка фотографија„ УЛИЦA“ 2015 ќе се примаат црно-бели и колор фотографии. Максимален број на фотографии по тема се 6 фотографии.

ФОРМАТ:

Фотографиите кои ќе се праќаат во дигитална форма, треба да се со димензија 1920×1080 pixels

на 300 dpi и треба да се назначи име презиме и наслов на фотографија.

Фотографиите кои ќе се праќаат во принтана форма, треба да се со димензија: најмал формат за учество на изложбата е 30х40cm, а најголем 30x45cm. На задната страна на секоја принтана фотографија треба да ги содржи следниве податоци: име и презиме на авторот и наслов на секоја фотографија.

Котизација:

За членови на Фото Сојуз на Македонија не се наплаќа котизација, а доколку не сте член на Фото Сојуз на Македонија котизацијата изнесува 300 денари.

Партиципацијата може да се уплати и на сметка: Фото Кино Клуб Козјак – Куманово жиро сметка: 270 0641651901-66 Халк Банка Скопје со назнака за учество на изложба ,,Улица 2015,,

Жири:

Маријан Јаневски – Шалајко КФМ ФСМ AFIAP, претседател

Зоран Андонов ФА1 ФСМ

Дејан Ангеловски фотограф

Календар: Краен рок за прием на фотографии: 24.04.2015

Жирирање: 26.04.2015

Резултати: 07.05.2015

Изложба: 21.05.2015

Враќање на фотографиите : Август 2015

Награди:

Улица /Дигитал/ : Салон Златен медал, Салон Сребрен медал, Салон Бронзен медал, 3 х Салон дипломи

Слободна /Принт/: ФСМ Златен медал, ФСМ Сребрен медал, ФСМ Бронзен медал 3 х ФСМ Дипломи

Фотографиите на учесниците се примаат на следниве начини:

– Дигиталните фотографије може да пратат на e-mail: pcckozjak@gmail.com

Партиципацијата може да се уплати и на сметка Фото Кино Клуб Козјак – Куманово жиро сметка: 270 0641651901-66 Халк Банка Скопје со назнака за учество на изложба ,,Улица 2015,,

– На CD,и принатаните фотографии заедно со партиципацијата, на оваа адреса:

Фото клуб Козјак

Поштански Фах 33

1300, Куманово, Македонија

Оваа статија е објавена во Вести, Изложби.

Comments are closed.