37мо FIAP дигитално Биенале за млади

Почитувани,

ФСМ ги кани сите млади фоторграфи од Македонија, членови на ФСМ, да ги испратат своите фотографии во дигитална форма, за оваа голема и престижна изложба.

Federation Internationale de L’Art Photographique(FIAP) чија членка е Фото Сојуз на Македонија, организира 37мо FIAPдигитално Биенале за млади, во 2015.

Секој национален сојуз, член на ФИАП, може да ја испрати Државна колекција од 20 фотографии, во две старосни категории:

1. до 16 години ( родени по 01.01.1999)
2. до 21 година ( родени по 01.06.1994)

ФСМ ги кани сите млади фоторграфи од Македонија, членови на ФСМ, да ги испратат своите фотографии во дигитална форма, за оваа голема и престижна изложба.

Уметничкиот Совет на Фото Сојуз на Македонија ( Цветан Гавровски МФ ФСМ, Душан Доцевски КМ ФСМ, Боро Рудиќ МФ ФСМ), ќе го направи изборот за двете Македонски колекции со кои Македонија ќе се представи ова биенале.

На овој ЛИНК можете да ги видите деталните услови за учество.

 

Срдечен поздрав,
Председател на ФСМ
Боро Рудиќ

Оваа статија е објавена во Вести, Изложби.

Comments are closed.