Почитувани членови и автори на фотографии,
Фото сојузот на Македонија и оваа година традицинално ке ги организира “Деновите на Македонска Фотографија“, 53ти по ред. Како што Ви е познато оваа манифестација покрај основната цел да ја прикаже годишната продукција и да го афирмира уметничкиот и културниот аспект на фотографијата , предвидува и други содржини, кои се во припрема, а за датумите и насловите благовремено ке Ве информираме.
Во припрема е “Дружење“ на сите автори и љубители на фотографијата во Манастирот св.“Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, каде се предвидени повеќе содржини. Во рамките на “Деновите“ предвидена е изложба на Современата Словенечка фотографија, во месец Ноември во Националната Галерија “Чифте Амам“.
Фото сојузот на Македонија изразува надеж дека клубовите, и другите македонски автори масовно ќе ни се придружат како во учеството на изложбите така и ќе ни дадат содветна помош во организацијата на оваа манифестација, како на ФСМ така и на Фото клубот “Козјак“ од Куманово и Фото клубот “ Види“ од Крива Паланка, кои оваа година ќе бидат коорганизатори на манифестациата, и кои оваа година ќе го понесат товарот на организацијата.
Со Вашето присуство на “Деновите“ ќе ја покажеме нашата припадност кон Македонската фотографија.
Срдечен поздрав
Председател на ФСМ,
Боро Рудиќ