ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈA

Почитувани,

УНЕСКО оваа година ја прогласи за година на светлото. Фотографијата е уметност на светлото. Македонската фотографија која на овие простори постои скоро 170 години, и покажува дека талентот, работата и упорноста секогаш даваат резултати, а добрите фотографии остануваат како дел од визуелното паметење на овој народ.
Фото сојузот на Македонија 69 години е асоцијација која непрекинато до денес ги организира фотографите и клубовите во свјата творечка работа.
Извршниот одбор има задоволство да констатира дека клубовите и авторите од Македонија со своите дела добиваат афирмација несамо во нашата земја туку и во странство.

Најновата вест од Индонезија е – на 28th FIAP PROJECTED IMAGES BIENNIAL, Македонската колекција освои 9то место и Диплома, за прв пат во своето постоење, што е показател за нивото на Македонската фотографија и за успешноста на Фото Сојузот како нивна асоцијација.

Ова место и Диплома треба да ни даде потик и енергија да продолжиме со работата и со ангажманот во клубовите и Сојузот, за да го задржиме овој тренд и високо реноме.

Уметничкиот совет и Извршниот одбор на Фото Сојузот на Македонија им благодари и им честита на Авторите на фотографиите од оваа колекција и се надева дека и во наредниот период вака ке се продолжи.

И втората колекција, /Младинската, автори до 21 година/ на Фото Сојузот на Македонија го освои деветото место на 37th FIAP YOUTH DIGITAL BIENNIAL одржано во Србија, и само за 3 бода не ја освои Дипломата на ФИАП.

Ова е доказ дека подмладокот на Сојузот ветува со својот талент и работа, и дека ќе очекуваме од нив во иднина да созреаат и творат дела достојни да ја преставуват Македонската фотографија и култура насекаде во светот.

Уметничкиот совет и извршниот одбор на Фото Сојузот, им честита на младите автори како и на клубовите од кои потекнуваат.

Посебна благодарност до клубовите бидејки само со организирана и стручна едукација во нивна рамка , ќе имаме вистински членови кои достојно ќе ја продолжат 170 годишната традиција на фотографијата на ова тло.

Претседател на ФСМ
Боро Рудиќ

Оваа статија е објавена во Вести.

Comments are closed.