Кон ДМФ 2015

Неодамна се одржа завршната фаза од овогодинешните денови на македонската фотографија. Нивното 53то издание. Човек, особено ако има помалку години од самата манифестација, веројатно се подзамислува колкав товар и конотации носи самиот настан. Не верувам дека во нашава земја има манифестации кои се повеќе од прстите на рацете со толку долга традиција.

Изложбата се отвори во галерија во Куманово, како нов обид за децентрализација на културните настани од страна на ФСМ. Во голема мерка, целата логистика беше на грб на ФК Козјак кои чесно и мачно си ја завршија работата. Покрај стандардната изложба ФСМ организираше и можност за дружење помеѓу фотографите, со база во манастирот св. Јоаким Осоговски. Во домот на култрата во Крива Паланка беше организирана можност секој клуб или член на клуб или самостоен автор, да може да ја покаже својата работа, во форма на дигитална проекција пред останатите присутни „колеги“ и да добие повратна информација за истото.

Displaying 12080179_10153400885189597_1883311271979863266_o.jpg

Морам да кажам дека тоа беше можеби најинтересното и најголемото освежување. Верувам дека таквата пракса ќе продолжи и дека следната година ќе имаме уште повеќе и поквалитетни презентации.

Displaying 12091210_10153400082654597_8305171745116737908_o.jpg

 

Во музејот во Крива Паланка, се отвори изложбата на ФСМ колекцијата која освои диплома на 28тото ФИАП биенале на проектирани фотографии. Секако, во опиплива, материјална, принт верзија.

Displaying 12029657_10153400889574597_4510790423351891823_o.jpg

На дружбата беа присутни повеќе од триесетина фотографи, од Битола, Скопје, Охрид, Куманово, како и гости од Србија и Бугарија. Се на се, ништо спектакуларно но и, за разлика од она што сме навикнати во последните изданија на ДМФ, еден позитивен исчекор.

Оваа статија е објавена во Вести, Денови на Македонската Фотографија.

Comments are closed.