Изложба на Александар Кондев

Ретроспективна изложба на Александар Кондев, во Чифте Амам, се отвора на четврти ноември, во 20.00 часот.

kondev

Кондев Александар /1950/, роден во Скопје, каде што го започнал и своето школување. Уште во основното училиште се запознал со фотографијата и фотографската техника и активно учествувал на натпреварите по фототехника, каде освојувал и награди.

На Младинската работна акција во Загреб 1966 година се запознал со филмската  техника која во тоа време била во подем и преставувала амбиција и интерес за голем број млади. При крајот на 1966 година се приклучил кон иницијативата на група ентузијасти (Драги Новаковиќ, Бранко Атанасковиќ, Вељо Велевски, Ѓорѓи Давидовски, Саша Маркус и други) за формирање градски кино клуб што била покрената од Советот на Народна Техника на град Скопје. Како најмлад во оваа иницијатива станал и член на првиот управен одбор на клубот, со задача посебно да работи со младите членови….

izlozba_56

Кондев е основач на Фото клубот “25”, каде што активно делувал и како педагог и како излагач. Во тој период, во 1979 година, ја организирал и неговата втора индивидуална изложба  во Домот на младите “25 Мај”.

Во 1981 година започнал да работи во фотографското студио на “Фотоцентар” во Скопје, каде што соработувал и со повеќе други институции и агенции во областа на фотографијата. Дел од своето време посветувал и на активности во Фото сојузот на Македонија и Југославија, каде што учествувал на бројни изложби како член или претседателот на жири. Од 1989 година работи како самостоен фотограф.

Во периодот 1994 – 2001 година предавал фотографија на Академијата за ликовни уметности при Универзитетот “Св Кирил и Методиј” во Скопје….

Кондев смета дека „магијата на фотографијата се крие во процесот на создавањето. Таа не се гледа, но зрачи од секој нејзин дел“! Тој верува во таа „магија“ и тоа се гледа на неговите фотографии. Сиот тој „нов свет“ што ни го прикажува Кондев на неговите фотографии е – токму таа негова магија. Видена низ неговиот објектив, миговно „обработена“ во свеста и понудена на гледачот  како некоја негова сублимирана реалност, како некаков визуелен предизвик на неговата креативна фантазија.

И творечкиот пат на Кондев е токму тоа: негово стрпливо педесетгодишно чекорење со отворени очи низ светот согледан како визуелен предизвик за негово лично видување, негово „толкување“, негово разбирање на нештата. Тоа не мора да бидат историски настани или турбулентни случувања, громогласни патешествија или селебрити личности, но сите нешта поминати низ неговиот објектив мора да го имаат неговиот личен печат, неговиот агол на гледање, неговото претставување на виденото. И само тоа, впрочем, може да биде автономен творечки пат, искуство коешто се гради врз сопствените фотографски знаења и убедувања, врз сопствената фотоестетика којашто, за среќа, во неговиот случај добива и впечатливи национални димензии.

Struktura na mraz

Неговата фотографија не е штос, гег, ефект. Уште помалку е затворен, тешко достапен личен наратив. Кондев верува во добрата фотографија, што и да значи тоа. А тие што ја сакаат фотографијата знаат што тоа значи. Таа е промислена иако фатена во миг, таа е елаборирана иако настаната во делот од секундата. Кај Кондев најчесто добрата фотографија е лајф фотографијата – онаа што ја следи естетиката на еден Cartier Bresson – но и, како што веќе беше укажано, фотографијата којашто сака да поместува граници, што денес и не е така лесно.

Александар Кондев денес е безмалу единствениот претставник на онаа генерација македонски фотографи кои ја осовременија македонската фотографија, кои во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век внесоа една поинаква естетика и нови хоризонти во третманот на оваа уметност. Или, ако сакате, тој и неговата генерација го изборија местото на фотографијата како рамноправна уметност. Но неговата фотографија, се разбира, не се исцрпува само и единствено во историските релации. Неговата фотографија во национални рамки сведочи за стабилност и континуитет во исказот, во градењето на лична естетика којашто нема да заостанува зад регионалните и пошироки стандарди. Едновремено, фотографијата на Кондев останува и како жив прирачник за помладите колеги, како стручно и естетско помагало низ неизвесните фотографски талкања.

Извадоци од…

 Златко Теодосиевски 

АЛЕКСАНДАР КОНДЕВ – СВЕТОТ КАКО ВИЗУЕЛЕН ПРЕДИЗВИК

Оваа статија е објавена во Вести.

Comments are closed.