ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА ФКК БИТОЛА 2015

На 11-ти Декември во изложбениот простор Магаза, ќе се одржи четвртата клупска изложба на „ФКК Битола“. Изложбата полека но сигурно прераснува во традиционална, со тоа што ако на почетокот беше предизвик да се анимира поголем аудиториум, денес, откако таа цел е постигната се наметнува предизвикот истиот да се зголеми. Организирањето на една ваква изложба сама по себе носи предизвици, не само во координирањето на 20-тина автори кои ќе излагаат свои фотографии туку и во настојувањето да се одржи квалитетот од претходните години како и истиот да се надмини.
Оваа година акцентот е ставен на помладите автори, кои се нова движечка сила во „ФКК Битола“ и кои низ активностите на клубот, неговите работилници како и со постојаната присутност во излагачката дејност во светот на фотографијата, веќе се градат како препознатливи автори чии дела освојуваат се поголем број на награди и признанија.

pokana

Оваа статија е објавена во Вести.

Comments are closed.