Почитувани, на последната седница одржана на 18.11.2018 година во просториите на АМСМ во Скопје, Собранието на ФСМ со кое раководеше претседателот на ФСМ Боро Рудиќ донесе повеќе одлуки. Собранието на ФСМ го прифати мислењето на Уметничкиот совет за доделување звање „Мајстор на фотографија на ФСМ“ на Владимир Арсовски и „Кандидат мајстор на фотографија на ФСМ“ на Дејан Колевски. Собранието, исто така, го прифати барањето за прием во Фото сојузот на Македонија на Фото клубот “Широк агол„ од Штип.
На истата седница, заради завршување на мандатот, донесена е одлука за промена на раководството на ФСМ . На предлог на кандидационата комисија во состав Драги Неделчевски, Сузана Елковска и Глигор Максимовски за ново раководство на ФСМ, со едногласна одлука на Собранието, избрани се :
За претседател на Извршниот одбор на ФСМ
Кирил Штрков
За членови на Извршниот одбор на ФСМ :
Зоран Андонов
Филип Илиевски
Димче Коруновски
Томислав Наумовски
За членови на Надзорниот одбор на ФСМ избрани се :
Дејан Колевски
Сашко Поповски
Филип Филиповиќ
Владимир Арсовски е поставен за нов член на Уметничкиот совет на ФСМ
Во име на Извршниот одбор на ФСМ и во свое лично име им ги честитам функциите на сите нови членови на одборите и се заблагодарувам на претходното раководство на ФСМ …
Претседател на ФСМ
Кирил Штрков