Денови на македонската фотографија 2018

56 тата Државна изложба на фотографии „ Денови на македонска фотографија 2018“ оваа година се одржа во Тетово, по 23 години од последната ваква манифестација во овој град. Од 9ти до 14ти јуни, во „ Уметничка галерија Тетово“ беа изложени делата на примените и наградените автори. Во склоп на манифестацијата е и изложбата „ Актуелен момент во македонската современа фотографија“ во Галерија на НЛБ Банка во Скопје која се одржа од 30 ти август до 9ти септември . На истото место од 10ти до 20ти август членовите на Фото клубот ЕЛЕМА за првпат пред македонската публика се претставија со својата изложба „ЕЛЕМА Монохроматик“ која веќе беше прикажана во повеќе земји.

Жирирањето секогаш се сведува на субјективниот поглед кон естетиката на фотографијата. Така беше и овој пат. Како трочлено жири моравме да прегледаме и оцениме над 300 фотографии кои пристигнаа за годинешниве „Денови на македонската фотографија 2018“ и да го одбереме тоа што, според нашето мислење, беше најдобро за оваа манифестација. Тројца членови на жирито, од три различни фото клубови, со три погледи на фотографијата. За некои фотографии долго дискутиравме што е добро, а што недостасува на фотографијата, разменувавме аргументи за и против, но за некои добри фотографии сите тројцата бевме едногласни. Посебно за оние што ги добија наградите. Исто така, како жири, бевме исклучително задоволни што на овогодишниве ДМФ пристигнаа многу извонредни фотографии, посебно од млади автори кои допрва ќе се афирмираат на полето на фотографијата во Македонија. Посебно ме радува и податокот што по цели 23 години Тетово повторно ќе биде домаќин на најголемата републичка изложба на фотографии. – изјави Зоран Андонов.

PDF документ за наградените фотографии од каталогот.

 

Оваа статија е објавена во Вести, Денови на Македонската Фотографија.

Comments are closed.