Во домот за култура „Марко Цепенков“ вечерва во Прилеп се одржа 6-тата по ред традиционалната клупска изложба на уметнички фотографии на Фото кино клубот Прилеп, која што се организира во чест на фотографот Јордан Зазоски – Зазо. На изложбата беа поставени 61 фотографија од 52 автори. Фотографиите се изработении во текот на 2018 година.
Претседаталот на ФКК „Прилеп„ истакна дека 2018 година ќе биде забележана како една од поуспешните во функционирањето на овој клуб:
„ Фото Кино Клуб „Прилеп„ oдбележа бројни настапи и освоени голем број награди нa домашни и меѓународни конкурси за уметничка фотографија, на пример клубот ја освои највисоката награда на Уника за најдобар клуб во 2018 година, а исто награда од Уника доби и членот на овој клуб Зоран Пилоски за неговиот едноминутен филм. Изминатата 2018 година е една од оние на кои клубот е горд и заради зголемувањето на членството и подмладокот на клубот. Вечерва со разгледувањето на оваа изложба, всушност ќе ја видиме работата на фото-кино клубот, ќе гледаме низ објективот на неговите членови. .Целта на нашиот клуб е понатаму да ја развиваме љубовта кон фотографијата и кино уметноста. Љубовта кон фотографијата во нашиот град е изненадувачки на доста големо ниво и се надеваме дека овие млади автори и во иднина ќе го претставуваат Прилеп во најдобро можно светло..„ –истакна пред присутните Сашко Попоски , Претседаталот на ФКК Прилеп
Годинава, на изложбата беа презентирани и голема број на нови автори, кои се всушност движечка сила на ФКК „Прилеп“. Преку низа на работилници и активности членовите на клубот стекнаа знаења за создавање на уметничка фотографија и веќе се градат како препознатливи автори. Фото Кино Клуб „Прилеп„ моментално брои околу 130 членови од кои 70-тина се доста активни.
Содржината е преземена од следните веб страници: