75 години Фото сојуз на македонија

75 години Фото сојуз на македонија

„Фото сојуз на Македонија“ , најстарата и најмасовна организација во областа на фоотографијата , како неодминлив дел на македонската култура и историја оваа година го слави 75 годишното постоење. Основана далечната 1946 година како Кино-фото сојуз на Македонија соосновач е на Народна техника , денешен Сојуз на здруженијата на техничка култура на Македонија. Од редовите на ФСМ излегоа доајените на македонската повоена фотографија, кои оставиа неизбришлива трага во колктивната меморија. Основана на темелите на отвореност , непрофитабилност, ентузијазам и креативност преку своите многубројни автори ги даде карактеристикита на она што се нарекува  „Македонска фотографија“ , разноличност од идеи и теми, техники и пристапи, богатство и невкалупеност на тенденции.
Оваа статија е објавена во Активности на ФСМ, Вести, Занимливости, Останато, Редакција.

Comments are closed.