Резолуција, објектив, чип-матрица

Почитувани колеги, во рамките на фотографското племе намерно или не, се стварале погрешни представи, често и лажни легенди за влијанието на резолуцијата /острината / на системот/објектив – чип или филм/ на крајниот резултат на сликата.

За да ја објасниме оваа појава треба првин малку информации од анатомија на окото. Човек со добар вид, може да види точка /тн.дифузен/,  круг со 1/10 мм во пречник, или 10 линии на мм квадратен, кога гледа на оддалеченост од 30тина сантиметри.

Но ова е онаа острина на слика која ние ја гледаме од блиску директно на фотографијата. Под поимот острина на сликата ние разликуваме и други видови, на пример Екранска острина/резолуција/,печатарска и тн.што во  не е предмет на овој текст.

Конструкторите на објективи и фотоапарати, пред да почнат со конструкција на истите, појдовна точка им е горенаведената резолуција на човечкото око, а потоа се одредува целната група  на која е наменета, па према неа се одредува типот, конструкцијата и цената на изведбата.

Првото прашање е колкава резолуција ви е потребна. Одговорот е јасен. Таа зависи од тоа колкави фотографии ќе правите. Што е поголема фотографијата треба повеке информации, значи и поголема резолуција. Во дигиталната фотографија имате едноставна формула, кога квадратурата во инчи ке ја помножите со 300 или 240, зависно од стандардот на машината со која работите. Па по оваа логика за А4 формат ви е потребен чип од 6мп., за А3 од 12 мп,и тн. Па од тука произлегува ако правите мали фотографии фрлање пари е, да се купи скапоцена фотокамера со висока резолуција, зошто разлика во острината на сликата/ за А4 формат/ ќе нема. Проблемот  на производителите на фотокамери не е само да се направи чип со висока резолуција, проблемот е што објективите сами по себе, со законите на оптиката се ограничени  во нивната резолуција. Кај  чиповите со полн формат негде на 17,5 мп.е горната граница на најквалитетните објективи  кои можат  да ја исполнат матрицата со детали и тоа на еден или два отвора на блендата на објективот/најчесто 5,6 или 8.

Самата чип матрица, има свои ограничувања. Ние кога работевме аналогна фотографија со затворање на блендата ја зголемувавме длабинската оштрина/што е позатворена блендата имаме поголема длабинска оштрина/ но Антиалиезинг филтерот кој е пред чипот, ствара интерференција кога се затвара блендата, па после 8 или 11 бленда чипот ја губи оштрината, па горните бленди стануваат практично неупотребливи. Затоа сите поефтини дигитални камери се ограничени на 8 бленда.

Но за да не се досетат фотографите, конструкторите ги искористија  моќните чипови за  да ги поправат грешките по софверски пат, па така, денес, шумот, сферната аберација, хроматската аберација се корегираат дирекно во камерата. Па од таму има разлика во сликата кога снимаме  во ЈПГ и во суров формат.

Да заклучиме-пред да купуваме фотоапарат треба да се запрашаме што ќе фотграфираме. Треба да знаеме дека што е поголема резолуцијата на чип-матрицата толку  повеќе ќе треба и да се инвестира во квалитетот на објективот. Фотоапарат кој чини  2500 евра се сведува на апарат од 250 евра ако му ставите некој неквалитетен зум објектив. Второ, фиксните објективи даваат поквалитетна и поостра слика од зумовите ама инвестицијата во нив е голема. Зум објективите се практични, но нивната оптичка јачина  е ограничена на 4 бленда за средната и 2,8 бленда за високата класа, и не даваат униформна слика на сите фокуси, зато треба  искуство за да се знае на кој фокус се добива најквалитетна слика. Зумовите се потешки  и покомплицарани за работа. Објективите од средна класа во резлуцијата се послаби на најголемите отвори од објективите со врвна  класа, но имате скоро идентични резолуции на средните отвори, а пониската цена резултира и полоша механичка обработка и финиш.

Исто така треба да се знае дека  скап објектив не се става на куќиште со пониска класа бидејки она што сте го платиле кај објективот нема да го видите на фотографијата.

Денес современите дигитални фотоапарати толку се усовршени да основен проблем е фотографот и неговиот талент.

Ако тој нема инспирација, која ќе го испровоцира да направи слика, нема техника која тоа може да го надокнади. Инвестирањето во скапа техника, без паралелно изградување на авторската личност е глупост и финансиска загуба. Денес фотографската техника застарува со вашето излагање од продавницата во која сте ја купиле, и ако таа не ја реализирате набрзо ке имате уште еден сувенир во вашата колекција.

Фотографијата ја ствара авторот, техниката е само средство да се реализира идејата, не е цел за себе. Не паѓајте на добрите реклами, најголем број од рекламните фотоси не се снимени со камерата кој ја рекламираат.

Александар Кондев

Оваа статија е објавена во Научи.

Comments are closed.