Заштита на авторско дело

Веројатно многумина од нас имаат потреба за заштита на своје авторско дело. Во нашиот случај фотографија.

Што кажува законот за авторско дело:

Согласно Законот за авторско право и сродните права на РМ (Сл.Весник на РМ 23/2005), фотографијата претставува авторско дело, односно се смета за “Фотографско дело” во смисла на Член 3 од Законот.

Авторското право му припаѓа на авторот врз основа на самото создавање на делото, независно дали делото е објавено.

Моралните права го штитат авторот по односот на неговата индивидуална и интелектуална врска со делото.

Материјалните права ги штитат интересите на авторот.

Авторот има исклучиво материјално право да го користи своето дело и да дозволува или забранува користење на делото за издавање, репродукција, дистрибуција, вклучувајќи и изнајмување и позајмување, јавно изложување, јавно соопштување и преработување.

Во слободно користење е автороско дело заради стекнување информации од општо знаење, за целите на наставата, за приватно или друго сопствено репродуцирање, цитирање и други случаи согласно Законот.

Авторското право треа за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт, доколку со Законот не е поинаку определено.

Авторот може своите морални, материјални или други права да ги остварува лишно или преку застапник.

Лице, чии права според овој закон се повредени, може да побара заштита на правата и надомест на штета, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Надзор над спроведување на овој закон врши Министерството за куптура, согласно овој закон и друг закон.

Која е процедурата за заштита на авторска фотографија во авторска агенција:

            Авторско дело (фотографија) се приложува во агенција во два идентични примерока заедно со податоците за авторот. Авторот добива примерок од фотографијата заверен со број и дата на регистрација. Цената на услугата е 1300.00 денари по една заверка. Инаку, авторството може да се докаже и со објавување на авторско дело, авторски договор и цл.

Во Скопје има повеќе авторски агенции (Патент центар, Авторска агенција на Македонија ….)

Оваа статија е објавена во Научи.

Comments are closed.