Научниците од Технолошкиот институт Massachusetts (MIT) дизајнирале фотоапарат кој може да фотографира објекти позади аголот.
Камерата има титаниумско-сафирски ласер (што и да е тоа) и емитува импулси од апаратот, а заради нивната голема брзина можат да се одбиваат од сите видови подлоги. Резултатот на тоа е „најбавната, набрза камера“-односно уред кој емитира светлост која се движи со два милиони „фрејмови“ во секунда.
Фотоапаратот е сеуште во експериментална фаза, и нормално нема да може да се купи се додека не се патентира и структурите на моќ не му го исцедат целиот потенцијал и нам на обичните смртници не ни понудат трошки од технологијата. А замислете што корист ќе имавме од ова чудо! Ни еден ќош нема да ни остане мистерија. Перископ за улична фотографија… секако, занимливи достигнувања кои можеби ќе најдат примена и во масовната фотографија…