50ти ЈУБИЛЕЈНИ ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА

Драги Фотографи/Фотографки, љубители на фотографската уметност
 
Фото сојузот на Македонија има особена чест и задоволство да ВИ испрати покана за учество на јубилејното 50то издание на манифестацијата Денови на Македонската Фотографија (ДМФ) 2012.Денови на македонската фотографија го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година  и е најстара фотографска манифестација во државава. Оваа година ќе се одржат по 50ти пат.
Во пропратните настани, покрај фото-работилницата, ФСМ ќе организира и изложба на фотографии на доајенот на македонската фотографија Благоја Дрнков, МФ ФСМ, во чест на одбележување на неговото капитално фотографско дело
Организатор на изложбата и на фото работилница е Фото сојузот на Македонија.
Приредувач на Денови на македонската фотографија 2012 е град Kочани.
Отворање на изложбa е 16.06.2012 во 20ч, во Домот на култура.
Веруваме дека ќе се согласите дека е особена чест да се учествува на еден ваков јубилеј-празник за сите искрени љубители на фотографската уметност а едновремено и голема одговорност за нас.
Затоа ги повикуваме сите автори/авторки државјани на Р. Македонија, да ги испратат своите дела на ДМФ 2012. 

Пропозиции за учество

Оваа статија е објавена во Редакција.

One Response to 50ти ЈУБИЛЕЈНИ ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ФОТОГРАФИЈА

  1. Pingback: Конкурс за „Денови на македонската фотографија“ | cOoLTuRa.mk