Од 27 мај до 3 јуни 2015 година, Македонскиот народен Театар ќе биде домаќин на изложба на фотографии подготвена од страна на Амбасадата на Република Полска. На изложбата ќе бидат прикажани најпознатите фотографии на Станислав Игнаци Виткјевич познат како Виткаци (1885-1939), полски автор, драмски писател, уметник, филозоф и изведувач. Изложбата која ќе биде прикажана за време на Меѓународниот театарски фестивал во Скопје ја одбележува 130-та годишнина од раѓањето на авторот Виткаци и е дел од одбележувањето на проектот „Година на полскиот театар“. Повеќе »