Почитувани членови на Фото Сојузот на Македонија.
Филмскиот Фонд на Македонија сака да направи брошура/продукциски водич на Македонија, со која сака да ги презентира условите за снимање на филмови во земјава. Текстот во брошурата ќе го илустрираат со фотографии од разни локации од Македонија. Брошурата би имала околу пеесетина и/или повеќе фотографии.
ИО на Фото Сојузот на Македонија во договор со Филмскиот Фонд, заради барањето за висок квалитет на фотографиите, одлучи дека во брошурата ќе бидат објавувани фотографии исклучиво од членови на Фото Сојузот на Македонија. Повеќе »
Архива на авторот: FSM
КОНКУРС во соработка на Филмскиот фонд и ФСМ
Прва меѓуклупска изложба-известување
Почитувани,
Фото клуб Елема сака да им се заблагодари на сите автори и авторки кои земаа учество на првата изложба од ваков тип кај нас, меѓуклупската изложба: Зимски Салон – Елема 2014. Искрено се радувавме на секој пристигнат пакет, и, да бидеме искрени, добивме повеќе фотографии отколку што очекувавме. Тоа го сметаме како позитивен сигнал на наговестените промени, односно јасна поддршка за напорите кои го вложуваме и насоките по кои се раководиме. За тоа, искрено сме ВИ благодарни. Повеќе »
Неколку галерии на стари фотографии, рефус
Деновиве налетавме на неколку интересни колекции од стари фотографии. Фасцинира нивната динамика, живост и актуелност во денешно време. Веруваме дека има многу Повеќе »
100 идеи што ја унапредиле фотографијата
На линкот најдолу кој што топло ви го препорачуваме, погледнете ги 100те клучни идеи кои донесле напредок во нашата омилена дисциплина, според Mary Warner Marien. Повеќе »
Јасна Богдановска. Кодак.
Сакаме да ви пренесеме една убава вест. Неодамна, „нашата“ Јасна Богдановска е избрана за претседателка на Eastman Young Professionals. Секоја чест.
Веста интегрално е објавена ОВДЕ.
Светломер додаток за ајфон
Доколку сеуште не сте му купиле уши, или некоја светкава маска, можете да се обидете вашето силиконско милениче да го надградите со Luxi Light Meter Adapter for iPhone 5/5s.
Овој додаток, за промена дури делува и дека може и да е корисен.
ТУКА повеќе


