Архива на авторот: FSM

4th International Competition of Photography of Buyukcekmece Municipality, Турција

Рок до: 03.06. Повеќе »

3rd Salon of Photography Cakovec 2013, Хрватска

Рок до: 07.06. Повеќе »

2nd International Salon of Photography FKNS – GRAND PRIX 2013, Србија

Рок до: 01.06. Повеќе »

International Photographic Salon – Varna, Бугарија

Рок до: 01.06. Повеќе »

ДМФ 2013

Почитувани,
Ве известуваме дека рокот за прием на фотографии за Денови на Македонската Фотографија е поместен.  Повеќе »

Фотографска изложба „Охрид во 36 слики“

Фотографска изложба „Охрид во 36 слики“ на охриѓанецот Мишо Јузмески пред битолчани

Во сабота на 13-ти Април, во 20.00 часот во Горното фоаје при Центарот за култура – Битола свечено ќе се отвори фотографска изложба со наслов „Охрид во 36 слики“ од охриѓанецот Мишо Јузмески, во организација на Фото Кино Клуб Битола, галерија „Култура 365“ од Охрид и Центар за култура – Битола.

Тематска изложба на фотографии од Охрид, односно оние делови од Охрид, моменти и сегменти од секојдневното живеење на градот кои не се клиширани, а се невообичаени, она што не го гледаат и не можат да го доловат туристите кога доаѓаат во Охрид. Авторот ни ја нуди убавината на овој наш бисер преку фотографии кои се сведоштво на малите, незабележливи, но значајни места во Охрид.
Изложбата ќе биде отворена до 20 април.

 

Фото Фокус

Фото кино клуб Козјак од Куманово ве повикува да земете учество на третата меѓународната изложба на уметничка фотографија ФОТО ФОКУС 2013, која е под покровителство на ФСМ, ФИАП, ИААП, ПСА, УПИ и ИСФ.

Повеќе информации може да најдете на следниов линк: http://kozjak50.com/photofocus/rules.php

ФКК Козјак –Улици

Фото кино клуб КОЗЈАК од Куманово срдечно Ве поканува на свеченото отворање на меѓународната изложба на уметничка фотографија STREETS 2013, односно УЛИЦИ 2013. Свеченото отворање ќе се одржи на18 април 2013 година во 20 часот во НУЦК Трајко Прокопиев – Куманово.

На втората меѓународна изложба на уметничка фотографија УЛИЦИ 2013, организаторот ФКК Козјак изброи дури 7402 пристигнати фотографии од 733 автори од 70 земји. Сите пристигнати фотографии се со специјални културни карактеристики кои ја направија изложбата со висок артистички квалитет.По завршеното жирирање на УЛИЦИ 2013 жирито во состав Манолис Метзакис, Серкан Турац и Душко Јовановски прими 786 фотографии во темата СЛОБОДНА, 878 фотографија во темата УЛИЦИ и 639 фотографии во темата ПРИРОДА.

Уште еднаш ве покануваме да го посетите свеченото отворање на 18 април (четврто) во 20 часот и заедно да ја проследиме поставката на наградените и најдобрите пристигнати фотографии. 

Фотографии од „National Geographic“ во Куршумли ан

Патувачка изложба на фотографии од „ National Geographic “ денеска во 13 часот ќе биде отворена во Куршумли ан.

Постановката ја сочинуваат 60 фотографии објавени на порталот за Западен Балкан на „ National Geographic “.

Изложбата првпат е поставена во Вашингтон, САД, во јуни, минатата година со цел промовирање на јавното пуштање на порталот, чија цел е да го поттикне регионалниот туризам и да помогне во формирање силна мрежа за разработка на разни иницијативи од регионот.

Земји-учеснички, односно членови на Советот за геотуризам се Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Од Скопје изложбата ќе продолжи низ Балканот и Европа.

Презентација на UPI во Куманово

Фото кино клубот Козјак од Куманово изминатата недела имаше за чест да биде домаќин на г. Манолис Метсакис, кој всушност е претседател на светската фотографска организација УПИ (http://www.upiphoto.com) и претседател на најголемиот фото клуб во Грција (Ираклион). Неколку-дневното дружење кое беше исполнето со долги разговори, резултира со размена на многу ставови и искуства, како за творечки и излагачки, така и за организациски активности.

Претпоследниот ден од неговиот престој во Куманово, г. Манолис пред членовите на ФКК Козјак имаше дигитална презентација на своето фотографско творештво, по што следеше дискусија на темата композиција во модерната уметничка фотографија. Следуваше кратка презентација на целите и задачите на светската фотографска организација УПИ, а вечерта се заврши со презентација и дискусија на колекциите фотографии со кои реномирани автори изминатата година освоија УПИ звања.