Архива на авторот: FSM

6th International Photography Exhibition – Bor 2013, Србија

Рок до: 18.02.

Теми: 1.Слободна колор 2.Слободна монохром 3.Жена 4.Експериментална

Формат: дигитал

Котизација: 15 еур

Web: http://www.photoclub-bor.com

Контакт: info@photoclub-bor.com

1st Bavarian International Circuit, Германија

Рок до: 18.02.

Теми: 1.Слободна колор 2.Слободна монохром 3.Природа 4.Експериментална 5.Портрети

Формат: дигитал

Котизација: 30 еур + 10 еур за секоја наредна секција

Web: http://www.bavarian-international-circuit.com

Контакт: stephansd@mac.com

27° Concorso Fotografico Internazionale di San Marino, Сан Марино

Рок до: 18.02.

Теми: 1.Слободна колор 2.Слободна монохром 3.Туризмот во светот

Формат: дигитал / принт

Котизација: 15 еур

Web: http://www.asfasanmarino.net

Контакт: info@asfasanmarino.net

4 April – XVIII International Salon of Art Photographs – Miniature, Србија

Рок до: 14.02.

Теми: 1.Слободна 10×10 2.Природа

Формат: дигитал / принт

Котизација: 15-35 еур

Web: http://foto-sg.webs.com

Контакт: foto_klub@yahoo.com

37th Greater Lynn International Color Exhibition, САД

Рок до: 14.02.

Теми: 1.Слободна

Формат: дигитал

Котизација: 11 усд

Web: http://www.greaterlynnphoto.org

Контакт: ts.jmosser@comcast.net

The 5th Great British Small Print Circuit, Англија

Рок до: 11.02.

Теми: 1.Слободна колор 2.Слободна монохром 3.Природа 4.Патувања

Формат: Минијатура принт

Котизација: 18-30 фунти

Web:  http://www.westcumbriaphotogroup.co.uk

Контакт: tonypotter@hotmail.com

Галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија

Драги наши, ова е новост на наштата страница, а се надеваме дека ќе стане убава традиција. Галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија, од годината што измина. Затоа што е новина, можеби и лесно ќе се наоѓаат маани, но да се обидеме да ги видиме убавите страни на истото. За нашата фотографска сцена можат да се слушнат разни замерки, основани и неосновани критики. Предлагаме да ги заборавиме за момент. Веруваме дека, кога вака се поставени фотографиите, на едно место, се добива и една поинаква, посериозна слика за нашата авторска сцена. Веруваме дека значаен дел од прикажаното ќе ве изненади, поттикне, заскокотка…

Галеријата е составена од фотографии кои биле претставени на некоја изложба, значи поминале некаква селекција и/или биле наградени. Фотографиите ги испраќаа клубовите кои самите ги избираа фотографиите, според  дадениот критериум. Најголем дел од клубовите педантно си ја завршија работата. Онаму каде што имавме повеќе од бараните дванаесет фотографии, по случаен избор беа избришани дел од фотографиите, за да се дојде до фер третман кон сите клубови и автори. Веруваме дека следната година ќе имаме уште поголем број на потенцијални кандидати и од ова искуство ќе научиме како подобро да се преставиме меѓусебно.

Затоа што сето ова е од „нас за нас“.

Уживајте во Галеријата на дел од клупските фотографии кои ја одбележаа 2012 година. (прв делвтор дел)

 

Радикална промена на технологијата на изработка на објективи?

Тим на научници од Харвард (Harvard School of Engineering and Applied Sciences) предводени од изстражувачот Federico Capasso тврди дека пронашле начин кој радикално ќе ја измени технологијата на објективите како што ги знаеме. Дека тие драматично ќе ја намалат нивната димензија и маса и дека ќе имаме совршено проектирани слики на нашиот фото-осетлив материјал. Повеќе »

2012 година на фотографии од мобилни телефони

Проследете го текстот на линкот подолу, кој е на некој начин продолжување на текстовите кои на разни нивоа анализираат како ќе се движи фотографијата во блиска иднина.  Повеќе »

Фотографија-цртање со светло. Буквално

Погледнете ја галеријата подолу, на фотографот Atton Conrad, каде што тој буквално црта со светло. Користејќи долги релативно експозиции и камера што ја управува на далечинско и ги облекува своите модели во светлина. Повеќе »