
Заради загуби и банкрот на одредени гранки од брендот на Кодак, некои патенти се ставени на добош. Се шушка и зборува дека Apple и Google се здружуваат за да добијат голем дел од колачот. Линк

Заради загуби и банкрот на одредени гранки од брендот на Кодак, некои патенти се ставени на добош. Се шушка и зборува дека Apple и Google се здружуваат за да добијат голем дел од колачот. Линк
На страната на dpreview можете да најдете нивни препораки и совети што да си/им купите на вашите блиски, пациенти кои буџетот и вредноста на нештата ги гледаат само преку противвредност од објективи или апарати. Повелете линк .
На 83 години, почина научникот кој за Кодак го измисли Баер филтерот и овозможи развој на дигиталната фотографска технологија. Како куриозитет може да се земе дека доживеа да го види својот изум во својот максимум и почина кога сериозните фотоапарати почнаа да се прават без него.

Поучен текст наменет за почетници но секако сите заинтересирани за концертна фотографија ќе имаат што да прочитаат.

фото: Сашо Н. Алушевски, Лајбах
Од дилеми за опрема до базични објаснувања од аспект на технологија на снимање.
Повелете линк
Ве носиме на место каде што една од живите икони на фотографијата Steve McCurry зборува за неговиот блог. Линк

Текстот, (на повеќе), ја прикажува на сентиментален начин разликата помеѓу сегашните реклами и рекламите „од на времето“, заобиколувајќи ја суштествената бруталност на денешниот Повеќе »
Фото групата „Чкрап!“ од Тетово, секој декември организира изложба на фотографии на своите членови. Еве, веќе деветта година по ред (за наши услови тоа е завидна традиција), на тетовската и на македонската публика свои фотографии, снимени главно годинава, ќе и се претстават околу 15-ина фотографи. Изложбата нема натпреварувачки карактер. Темата е слободна. Секој автор има неограничена слобода на изразување на своето видување во фотографијата. Нема ограничување во форматот, бројот на изложени дела, техниката која се користи…
Традиција е на секоја изложба да им се дава шанса на фотографи кои до сега не изложувале, секако ако нивните дела ги задоволуваат критериумите на „Чкрап!“. Така и годинава.
Доколку како критериум за најпозната се земе која фотографија ја виделе најголем број луѓе во светот, тогаш резултатот ќе биде за многумина изненадувачки, за некого разочарувачки. Исто така, сето ова може да се чита како можен патоказ на каде ќе се движи фотографијата во иднина.
Рок до: 14.01.
Теми: 1.Слободна колор 2.Слободна монохром 3.Природа
Формат: дигитална/принт
Котизација: 18-72 усд
Web: http://www.maitlandsalon.com
Контакт: enquiries@maitlandsalon.com