Рок до 01.6.2012
Теми: 1.Лајф, 2. Слободна
Формат: дигитален
Партиципација: од 15 EUR
Контакт: photofo-cus2012@gmail.com
web: http://kozjak50.com/exhibition/photofo-cus2012/
аdd: Photo Cinema Club Kozjak 50, P.O. Box 33,1300 Куманово, Македонија
Архива на авторот: FSM
2. МЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА ФОТО ФОКУС 2012, Македонија
FKNoviSad – GRAND PRIX 2012, Србија
Рок до 01.6.2012
Теми: 1.Природа, 2.Патувања, 3.Фото-журнализам, 4.Спорт, 5.Слободна
Формат: дигитален
Партиципација: од 25 EUR
web: www.fkns.rs
PHOTOGRAPHY MASTER CUP, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
Рок до 24.5.2012
Теми за професионални фотографи: 1.Апстракт, 2.Реклама, 3.Воздушна, 4.Американа, 5.Архитектура, 6.Децата од светот, 7.Мода, 8.Фина уметност, 9.Храна, 10.Природа, 11.Акт, 12.Луѓе, 13.Фото-журнализам, 14.Портрет, 15. Силуета, 16.Мртва природа, 17.Спорт, 18. Дивеч
Теми за аматери: 1.Апстракт, 2. Воздушна, 3.Американа, 4.Архитектура, 5.Деца, 6.Мода, 7.Фина уметност, 8.Природа, 9.Акт, 10.Луѓе, 11.Фото-журнализам, 12.Портрет, 13. Силуета, 14.Мртва природа, 15. Дивеч
Формат: дигитален
Партиципација: од 18 до 150 EUR
web: http://www.thecolorawards.com/index.php
2. SALON FOTOGRAFIJE SMEDEREVO 2012, СРБИЈА
Рок до 25.5.2012
Теми: 1.Човек и вода, 2.Слободна, 3.Природа
Формат: дигитален
аdd: Dragoslav Mirkovic, Za Salon fotografije, Vidska 31/1,11000 Beograd
2012. MACQUARIE PHOTOGRAPHY PRIZE, АВСТРАЛИЈА
Рок до 24.5.2012
Теми: 1.Смешна улица, 2.Меќави, 3.Архитектура, 4.Куќа на уметноста
Формат: дигитален
Партиципација: $5AUD по фотографија
web: http://australianartsales.com.au/MacquariePrize/Macquariephotograhyprize.html
Јавно предавање „Фотографијата пред Дагер“
Во сабота, 26. мај 2012 со почеток во 18:00 часот, во Кинотеката на Македонија предавање на тема „Фотографијата пред Дагер“ ќе одржи проф. др. Душан Стулик од Институтот за конзервација ГЕТИ, од Лос Анџелес – САД. Предавањето го организира Македонскиот центар за фотографија во соработка со Кинотека на Македонија.
Многу историчари на уметност кои ја обработуваат фотографијата, почетокот на фотографијата го сместуваат во 1839 година, кога Луј Манде Дагер го обзнани пронаоѓањето на дагеротипијата. Иако Дагер ја има заслугата за пронаоѓање на првиот комерцијално успешен фотографски процес, тој не може да се поврзе со првата идеја за фотографија ниту пак со првата фотографска слика.
Со ова предавање професор Стулик ќе се осврне на предисторијата на фотографијата оценувајќи го притоа придонесот на оние научници и филозофи кои со својата работа го овозможиле создавањето на овој медиум. Посебен акцент ќе биде ставен на работата на Жозеф Нисефор Ниепс како творец на првата сочувана фотографија во светот. Истовремено, со предавањето ќе биде опфатено и последното истражување на Институтот за конзервација Гети, со кое се откриени многу значајни факти за работата на Ниепс и Дагер, факти кои го менуваат нашето поимање на историјата на фотографија.

____________________________________
Професорот Стулик е виш конзерватор на Институтот за конзервација ГЕТИ. Се здобил со диплома и магистериум од областа на хемија како и диплома од историја на уметност на Универзитетот Чарлс, а докторирал во областа на физиката на Чешката академија за науки во Прага. Пред да стане член на институтот ГЕТИ, д-р Стулик бил професор по хемија на Вашингтонскиот државен универзитет како и вонреден професор на Универзитетот Корнел.
Тој е конзерватор на првата фотографија во сватот; автор е и коавтор на неколку научни книги од областа на конзервација на фотографија и на повеќе од педесет менторски оценети статии од истражувачки карактер. Добитник е на неколку престижни награди за неговата работа поврзана со зачувување на културното наследство.

Изложба на подводна фотографија во Охрид
Изложба на подводна фотографија ќе биде отворена во петок, 25 мај, во 20 часот, во Народниот музеј Охрид – Куќа на Робевци.
Станува збор за 30-ина фотографии, фотографирани на различни локации во Охридското езеро, дела на нуркачите Никола Паскали и Александар Булевски.
Фотографиите ќе бидат достапни за публиката до 8 јуни.
Резултати од жирирањето на ДМФ 2012
Почитувани,
Во конструктивна атмосфера и дружба помеѓу бројни пријатели и љубители на фотографската уметност, во просториите на Кинотеката на Македонија, во саботата, 19.05.2012 година, се одржа жирирањето на овогодинешниот празник – јубилејните 50ти Денови на Македонската Фотографија 2012. Од навистина изненадувачки зголемениот интерес, особено од млади како и независни автори и авторки, жирито имаше тешка задача да избере стотина фотографии кои ќе ја претставуваат овогодинешната поставка. Фото сојузот им честита на сите учесници на овогодинешниот празник на нашата фотографија. Тука, можете да ги погледнете резултатите од жирирањето.
Изложба на фотографии од Охрид и охридско во Британија-Kensington and Chelsea, Chelsea Gallery
Фотографии од нашиот Охрид, во организација на Pro Art & Co од Лондон, Mag-Culture & Experience од Скопје и Општина Охрид, од 21 до 28 мај 2012 година, во позната галерија „Old Chelsea Town Hall, Library’s Gallery“, (Kings Road, London SW3 5EE) во Челзи, стар дел на Лондон, ќе се одржи изложба на фотографии на природното и културното наследство на Охрид.
Изложбата, на која ќе бидат поставени педесетина фотографии, веќе се промовира во британската јавност. Печатен е каталог за изложбата, а информација е објавена и на веб страницата на галеријата.
Објавени TIPA наградите за 2012
Драги наши, објавени се TIPA (Technical Image Press Association) наградите. Веруваме дека не е потребен некој посебен вовед или објснување. Резултатите се очекувани, интересно е да се погледнат промените кај мониторите и „борбата“ меѓу титаните Canon и Nikon, чиј што исход можеби ќе изненади многумина. Повеќе.


