Редакција


Заштита на авторско дело

Веројатно многумина од нас имаат потреба за заштита на своје авторско дело. Во нашиот случај фотографија. Повеќе »

Резолуција, објектив, чип-матрица

Почитувани колеги, во рамките на фотографското племе намерно или не, се стварале погрешни представи, често и лажни легенди за влијанието на резолуцијата /острината / на системот/објектив – чип или филм/ на крајниот резултат на сликата.

За да ја објасниме оваа појава треба првин малку информации од анатомија на окото. Човек со добар вид, може да види точка /тн.дифузен/,  круг со 1/10 мм во пречник, или 10 линии на мм квадратен, кога гледа на оддалеченост од 30тина сантиметри. Повеќе »

Резултати Streets 2012

На 24.03.2011 со почеток во 10ч. во Пелинце се одржа жирирањето на изложбата “Улици 2012”, во организација на ФКК „Козјак 50“ од Куманово, а под патронажа на FIAP, UPI, IAAP, ISF и Фото сојуз на Македонија. Изложбата ја жирираа  Ѓулкетин Чизген (Турција), Бахар Калели  (Турција) и Неда Рачки (Хрватска). Покрај жирито беше присутен и целиот организационен одбор на Фото Кино клубот ,,Козјак 50” од Куманово: Владимир Јовановски, Дејан Ангеловски и Никица Божиновиќ, како и делегатот на ФСМ Зоран Ивановски и секретарот на ФСМ Дарко Петровски. Повеќе »

Нова Leica со црно бел сензор ?!?

Новитет од Leica? Откако Kodak (шмрц-шмрц) банкротираше, не се знае кој ќе ги прави сензорите на Leica. Но тоа не ги спречува да се појават со новитет на пазарот.

Новата Leica М, нема да е замена за старата и е најавена дека (можеби) ќе има црно-бел сензор и нема да има дисплеј позади. Дали е само маркетиншка финта која игра на старата слава или навистина ќе понуди нешто кое ќе биде вредно за внимание или е само играчка за покажување и фалење? Останува да видиме. Еве ги озборувањата.

Hasselblad Masters awards 2012

Една од најпрестижните ако не и најпрестижната награда, барем од аспект на естетска префинетост и едно длабоко поимање на уметничката фотографија
– Hasselblad Masters е клуб кадешто малкумина се повикани а многумина би сакале. Клуб кој сеуште држи до одредени естетски и етички критериуми. Погледнете ги финалистите тука и победниците тука

Adobe Photoshop CS6 Beta

Како што веќе најавивме, Adobe Photoshop CS6 во Beta верзија, сега е спремен за тестирање.
Една од најпосакуваните надградби е, според компанијата, зголемената брзина на работа. Ќе видиме и секако очекуваме коментари од корисници.

Нов број на BLUR Magazine!

Нема потреба многу да се објаснува дека секој број на BLUR ни претставува особена радост.
Накусо, BLUR претставува една успешна приказна на онлајн бесплатно издаваштво и квалитет. Уживајте

3Д Скенер од НР

На пазарот се појави еден и не така нов новитет. Скенер за 3Д објекти.

Ова не е нова технологија, но со овој уред е достапно до поголем број корисници. Веруваме дека е технологија во развој и дека наскоро и другите производители ќе се појават со слични понуди.  Погледнете го HPTopShot LaserJet Pro M275

Adobe Photoshop Lightroom 4 – Beta

Излезе четвртата бета верзијата на се попопуларниот фото едитор на Adobe,  Photoshop Lightroom.

Повеќе информации тука

Nokia со 41мп

Да, така е Nokia 808 PureView телефон со чип од 41 мегапиксел. Ќе се прашате зошто целава оваа скаламурија, кога сериозни машини и дигитални додатоци за среден формат сеуште мака мачат со помал број на пиксели, но се работи за неколку трикови. Конечно е искористена технологиата за која одамна се зборува, односно користи oversampling за да се добие исчистен сигнал и да се намали шумот од малиот сензор кој е напнат до максимум и нормално трката до купувачите, за тие што побрзо да ги фрлат во канта производите кои до пред некој месец биле најавувани како врвна технологија…. повелете рецензија.