Погледнете ја галеријата од неколку фотографии на фотографот Irving Penn. Ништо спектакуларно, ама можеби на сите ни е збоктисано од „спектакуларни визуелни надразби“ кои остануваат само по неколку секунди во краткотрајната меморија, до следниот клик. Овде повеќе станува збор за суптилен израз, минималистички пристап и добар пример како едноставни креативни решенија можат да бидат многу ефикасни. Повеќе »
Авторска фотографија
Изложба на фотографии од ФК Елема во Марибор
Во петокот, 04.05.2012, во Универзитетската библиотека во Марибор, Словенија беше отворена изложба на фотографии од Фото клубот Елема од Скопје со наслов Elema monohromatic. Во годината кога Фото клубот Елема слави 50 години од своето постоење, тој се претстави со 30тина дела од своите членови, во европскиот град на културата за 2012 – Марибор.
.jpg)
Фотографот Stanley Kubrick
Малкумина знаат дека иконата на играниот филм од ХХ век, Stanley Kubrick, пред да стане режисер се занимавал со фотографија. Не само што се занимавал, туку и бил позната фоторепортерска ѕверка. Ако се знае овој факт, тогаш и полесно се разбира неговата манијакална посветеност на кадарот во неговите филмови, на опремата која ќе се користи, на видот и аранжманот на светлото. Подолу имате галерија на негови репортерски фотографии, изработени во 1949 година, за магазинот Look, од каде што го испратиле во во Чикаго, да направи фотографии за сторијата со наслов „Чикаго, град на контрасти“.
Галерија
Креативни фотографии од миленици
Кај нас и нема фотографи кои се занимаваат со фотографирање на миленичиња.
И воопшто, на фотографиите со и на животни често се гледа со потценување, тоа повеќе зборува за нашата културна перцепција отколку за „квалитетот“ на таквите дела. Дека тоа не мора да биде така, погледнете го портофлиото на Carli Davidson. Одлични фотографии на кучиња како ја тресат водата од крзното . Повеќе »
Ви го претставуваме Milton Rogovin
Ви го претставуваме фотографот Milton Rogovin. Веруваме дека не е многу познат помеѓу нашите фотографи. Но има фасцинантни серии на фотографии од америките. Негова биографија и останати информации имате овде.
Погледнете ги неговите серии документаристички фотографии во во класичен стил од среднината на минатиот век. Има огромен број фотографии, кои тешко дека можат да се исконзумираат наеднаш, но тешко дека можеме да издвоиме некои галерии. Затоа повелете и изберете сами.
Ви го претставуваме Michael Kenna
Оваа рубрика некако ја запоставивме и редно е да ја разработиме со една прекрасна презентација. Според нашето скромно мислење, Michael Kenna е еден од најзрелите современи автори. Неговиот, за ова време, специфичен и суптилен пристап, како да не е од брзото и квантифицирачко западно време, туку од некој друг, заборавен свет кој сепак допира до нас. Уживајте… http://www.michaelkenna.net/


