Резултатите можете да ги погледнете тука
Архива на ФСМ
Кон ДМФ 2015
Неодамна се одржа завршната фаза од овогодинешните денови на македонската фотографија. Нивното 53то издание. Човек, особено ако има помалку години од самата манифестација, веројатно се подзамислува колкав товар и конотации носи самиот настан. Не верувам дека во нашава земја има манифестации кои се повеќе од прстите на рацете со толку долга традиција.
Изложбата се отвори во галерија во Куманово, како нов обид за децентрализација на културните настани од страна на ФСМ. Во голема мерка, целата логистика беше на грб на ФК Козјак кои чесно и мачно си ја завршија работата. Повеќе »
Галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија во 2013
Како и минатиот јануари, на наштата страница и оваа година имаме галерија на дел од „најуспешните“ фотографии на членови на фото клубовите од Република Македонија, од годината што измина. Веруваме дека, кога вака се поставени фотографиите, на едно место, се добива и една поинаква, посериозна слика за нашата авторска сцена. Веруваме дека значаен дел од прикажаното ќе ве изненади, поттикне, заскокотка… Повеќе »
Резултати од 27мото ФИАП биенале на проектирани фотографии во Луксембург
Им честитаме на сите автори и авторки кои ја сочинуваа оваа македонска „репрезентација“. Македонската колекција се пласира на 26то место. Целокупниот распоред на земји можете да го видите ОВДЕ
Поединечните рангирања на македонските фотографии се ОВДЕ
Галерија од македонската колекција
Уште еднаш, од името на ФСМ, честитки.









