Вести


Изложба на подводна фотографија во Охрид

Изложба на подводна фотографија ќе биде отворена во петок, 25 мај, во 20 часот, во Народниот музеј Охрид – Куќа на Робевци.

Станува збор за 30-ина фотографии, фотографирани на различни локации во Охридското езеро, дела на нуркачите Никола Паскали и Александар Булевски.

Фотографиите ќе бидат достапни за публиката до 8 јуни.

Резултати од жирирањето на ДМФ 2012

Почитувани,

Во конструктивна атмосфера и дружба помеѓу бројни пријатели и љубители на фотографската уметност, во просториите на Кинотеката на Македонија, во саботата, 19.05.2012 година, се одржа жирирањето на овогодинешниот празник – јубилејните 50ти Денови на Македонската Фотографија 2012. Од навистина изненадувачки зголемениот интерес, особено од млади како и независни автори и авторки, жирито имаше тешка задача да избере стотина фотографии кои ќе ја претставуваат овогодинешната поставка. Фото сојузот им честита на сите учесници на овогодинешниот празник на нашата фотографија. Тука, можете да ги погледнете резултатите од жирирањето.

Изложба на фотографии од Охрид и охридско во Британија-Kensington and Chelsea, Chelsea Gallery

Фотографии од нашиот Охрид, во организација на Pro Art & Co од Лондон, Mag-Culture & Experience од Скопје и Општина Охрид, од 21 до 28 мај 2012 година, во позната галерија „Old Chelsea Town Hall, Library’s Gallery“, (Kings Road, London SW3 5EE) во Челзи, стар дел на Лондон, ќе се одржи изложба на фотографии на природното и културното наследство на Охрид.

Изложбата, на која ќе бидат поставени педесетина фотографии, веќе се промовира во британската јавност. Печатен е каталог за изложбата, а информација е објавена и на веб страницата на галеријата.

Објавени TIPA наградите за 2012

Драги наши, објавени се TIPA (Technical Image Press Association) наградите.  Веруваме дека не е потребен некој посебен вовед или објснување. Резултатите се очекувани, интересно е да се погледнат промените кај мониторите и „борбата“ меѓу титаните Canon и Nikon, чиј што исход можеби ќе изненади многумина. Повеќе.

Google фото натпревар

Шведскиот студент Виктор Јохансон е победник на првиот натпревар за најдобра студентска фотографија организиран од Гугл за серијата фотографии кои прикажуваат спортисти на тренинг, пренесува Би-би-си.
Нигел Хартс директор на галеријата Сачи изјави дека жири-комисијата која била одговорна за доделување на наградата била „ипресионирана од неодоливите и прекрасни фотографии“.


– Јохансон одлучил да ни покаже алтернативен начин на гледање на кој не сме навикнати во спортската фотографија и медиумите. Тој ни понуди навистина импресивни и неочекувани фотографии – изјави Хартс.  На натпреварот организиран од Гугл во соработка со лондонската галерија Сачи се пријавиле околу 20.000 студенти.

Изложба на фотографии од ФК Елема во Марибор

Во петокот, 04.05.2012, во Универзитетската библиотека во Марибор, Словенија беше отворена изложба на фотографии од Фото клубот Елема од Скопје со наслов Elema monohromatic. Во годината кога Фото клубот Елема слави 50 години од своето постоење, тој се претстави со 30тина дела од своите членови, во европскиот град на културата за 2012 – Марибор.

Повеќе »

Изложба на Сања Бутерин

Нашата фотографка Сања Бутерин, има самостојна изложба насловена како Улични приказни. Изложбата е отворена на 30 Април, во Сисак, во галеријата Siscia obscura. Повеќе информации имате овде

Изложба на фотографии на фото клубот Марибор, Словенија

Почитувани,

Ја имаме честа и задоволството да ве поканиме на изложбата фотографии од Фото клубот Марибор, Словенија, чие отварање ќе биде на 03. Мај 2012 во 20:00 часот во Кинотеката на Македонија.
На изложбата насловена “фотографи” ќе бидат претставени најдобрите остварувања на членовите од Фото клубот Марибор, еден од најстарите и највлијателните фото клубови во Словенија, а изложбата ќе ја отвори Амбасадорот на Р. Словенија г-динот Ален Брајан Бергант. Воедно ве известуваме дека Фото клубот Елема од Скопје на 04.мај.2012 ќе се претстави со фотографии од своите членови во Универзитетската библиотека во Марибор. Тоа е голема чест за Елема, во годината кога слави 50 години од своето постоење, да се претстави во европскиот град на културата за 2012 – Марибор. Ќе ни биде задоволство доколку со вашето присуство дадете поддршка на оваа културна размена и на нашите заложби за соработка со фото клубови надвор од Македонија и го најавите и медиумски го покриете овој настан. Повеќе »

Македонската колекција на 31-то ФИАП биенале на црно-бела фотографија

Македонската колекција на 31вото ФИАП биеале го зазеде 19тото место. Колекцијата која ја состави уметничкиот совет на ФСМ можете да ја видите овде. Линк до сајтот на ФИАП со сите колекции кои учествуваа – овде

Резултати Streets 2012

На 24.03.2011 со почеток во 10ч. во Пелинце се одржа жирирањето на изложбата “Улици 2012”, во организација на ФКК „Козјак 50“ од Куманово, а под патронажа на FIAP, UPI, IAAP, ISF и Фото сојуз на Македонија. Изложбата ја жирираа  Ѓулкетин Чизген (Турција), Бахар Калели  (Турција) и Неда Рачки (Хрватска). Покрај жирито беше присутен и целиот организационен одбор на Фото Кино клубот ,,Козјак 50” од Куманово: Владимир Јовановски, Дејан Ангеловски и Никица Божиновиќ, како и делегатот на ФСМ Зоран Ивановски и секретарот на ФСМ Дарко Петровски. Повеќе »