Вести


37мо FIAP дигитално Биенале за млади

Почитувани,

ФСМ ги кани сите млади фоторграфи од Македонија, членови на ФСМ, да ги испратат своите фотографии во дигитална форма, за оваа голема и престижна изложба.

Federation Internationale de L’Art Photographique(FIAP) чија членка е Фото Сојуз на Македонија, организира 37мо FIAPдигитално Биенале за млади, во 2015. Повеќе »

Улица 2015 – примени и наградени дела

Во документот подолу е извештајот од работата на жирито на Републичката изложба Улица 2015.

ДА ГО СОБЕРЕМЕ НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА НА ЕДНО МЕСТО!!!!

Почитувани фотографи,

Фото-кино клуб „Козјак“, има чест да ве покани да земете учество на нашата изложба „УЛИЦА 2015“. Изложбата е под патронажа на Фото сојузот на Р. Македонија и под покровотелство на Министерството за култура на Р. Македонија. Повеќе »

25 години Фотошоп!

Поминаа 25 години од излегувањето на првата верзија на Adobe Photoshop. Во продолжение погледнете едно навидум забавно видео за омилената алатка на многу фотографи, кое сепак поставува многу фундаментални прашања. Колку технологијата не прави зависни, мрзливи, какво влијание има врз креативноста?

Уживајте!

ФОТО САЛОН КУМАНОВО 2014

ФКК Козјак од Куманово ве кани на отворањето на изложбата Фото Салон Куманово 2014.
Отворање во петок, 27.02.2015, 20.00 часот, во просториите на Уметничката галерија на Град Куманово.


Се гледаме на изложба!

Изложба на Боро Рудиќ

Именувана како „Настанување и исчезнување“ за прв пат пред скопската публика ќе се претстави мајсторот на фотографија, Боро Рудиќ, долгогодишен член на ФК Елема и актуелен претседател на Фото Сојузот на Македонија.

На изложбата ќе бидат претставени четириесетина фотографии во голем формат а на отворањето ќе биде промовирана и истоимената книга.

Изложбата ќе се отвори 18.02. 2015 година во Музеј на Град Скопје во 20.00 часот  и ќе трае до 01.03.2015 година.

Честитки од редакцијата на ФСМ!

Куманово 2014, изложба

Фото групата Ф7 ве кани на отворањето на изложбата Куманово 2014. Четврток 25ти декември, 2014 година, во 19.30 часот, во Националната установа Центар за Култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Се гледаме на изложба!

Годишна изложба на фотографии ФКК Битола 2014

Оваа година на 6 декември „ФКК Битола“ ја организира третата клупска изложба по ред. Во изминатиот период, клубот активно продолжи да се заложува за развојот на уметничката фотографија во нашиот град. Од сите активности кои клубот ги превзеде во таа насока, посебно се издвојува светската изложба на дигитална фотографија „Фото Фест Битола 2014“ под покровителство на сите поголеми фотографски асоцијации, со што се направи голем исчекор напред.

Годишната клупска изложба на ФКК Битола е ретроспективна, и опфатени се поголемиот број на фотографии кои се примени и наградувани на разни држави и меѓународни изложби на кои нашите членови редовно земаат учество и постигнуваат забележителни резултати.

Ќе ни биде чест доколку со вашето присуство ја збогатите нашата трета клупска изложба

Традиционална изложба на ФК Охрид

ФК Охрид ги кани сите љубители на фотографската уметност на нивната традиционална изложба во чест на Свети Климент.

FotoKlubIzlozba7

 

Во прекрасниот простор во куќата на Робевци, во срцето на стариот град, на седми декември, во 19.30 часот ќе се отвори поставката на црнобели фотографии на тема Охрид. Се гледаме!

Фотографии од Стефан Лупино во Галерија 8

Хрватскиот фотограф Стефан Лупино ќе има изложба во Галерија 8 – Безистен, во Старата скопска чаршија. Изложбата е закажана за 21 ноември во 21 часот.

Стефан Лупино е еден од нај познатите естрадн и моден фотограф од поранешните југословенски простори. Во златниот период на 70-тите и 80-тите години на минатиот век Лупино престојува во Америка во Њујорк. Препознат од големите издавачки куќи станува фотограф за познатите списанија и на нивните насловни страни се објавени негови фотографии, како: “Вог“, „Фото“, „Зум“, „Еуропео“, „Л’Еспресо“ и многу други светски часописи. Тој денес уште е актуелен фотограф во „Плејбој“.

Лупино покрај со фотографија се занимава и со скулптура и сликарство за кои критиката ке го наслови како правец „Лупинизам“. На оваа изложба публиката ќе може да погледне 30-тина фотографии само еден мал сегмент од творештвото на Лупино.