Изложба за два часа-мојот град низ слики

Како што веќе најавивме, во склоп на денови на македонската фотографија се одржа и едниствената изложба од ваков тип кај нас, кога и да е одржана. Главни актери беа Фото сојузот на Република Македонија и мобилниот оператор VIP.  Настанот се одвиваше на следниов начин:

Дванаесет фотографи, активни членови на ФСМ, од шест градови во републиката, во зададениот термин (06.07. 2013, од 17-19 часот), снабдени со  најновата хука-бука во светот на паметните телефони, односно Samsung Galaxy S4 – гизмо со 13 мегапикселна камера,  обезбедени од страна на VIP, имаа за задача, заедно со комплетниот тим, да се обидат да докажат дека е можно да с направи класична фотографска изложба во рекордно кусо време, односно за само два часа.

Фотографите кои беа на задача да пренесат дел од духот на нивниот град беа:

Драги Неделчевски
Зоран Андонов
Зоран Вељановски – Летра
Лазар Коњановски
Игор Јанковски
Димитар Чунговски
Тоше Ристов
Киро Спасов
Душан Доцевски
Денис Петковски
Дарко Петровски и
Дејан Колевски

Тие имаа тешка задача, за неколку дена да се запознаат со новите „фотоапарати“ и во зададениот термин да излезат на терен, да снимаат и да ги испратат своите дела со помош на  VIP 3G супербрзиот сервис.

 фото: Сандра Новеска

Од друга страна, тим задолжен за логистика и координација, во VIP салонот во Скопје сити мол, во состав: Боро Рудиќ кој ги примаше фотографиите и ги проследуваше до жирито – Дејан Гилески и Сашо Н. Алушевски, фотографи со крајно различен пристап кон медиумот, свесно избрани како такви, за да може брзо и лесно да се дојде до квалитетен резултат, како и да се даде поширока платформа за избор на мотиви и израз. Тие ги проследуваа избраните фотографии до Владимир Арсовски, кој беше одговорен печатењето да е со најголем квалитет, како што и се покажа.  Тимот ангажиран од VIP  операторот, одговорен за односи со јавност, ги анимираше случајните минувачи да изберат место и да ги закачат фотографиите на соодветните панели.

На големо изненадување на сите присутни автори и авторки, кои најчесто носат по неколку килограми опрема на својот грб кога одат да фотографираат, квалитетот на изложените фотографии, направени со микро-сензор од мобилен телефон, беа со одличен квалитет!

Мора да се нагласи дека ова е уникатен настан кај нас а и пошироко. Колку и да изгледа едноставно и лесно, сепак осмислувањето, огранизирањето на логистиката не е едноставно. Но сериозната посветеност на сите вклучени кон високиот квалитет на крајниот резултат на крај придонесе за една навистина квалитетна и за само пред неколку години, тешко замислива изложба.

Дваесетте фотографии кои влегоа во конечниот избор можете да ги видите (и лајкате) на следниов ЛИНК

Галерија на фотографии од базата на случувањата, ОВДЕ, благодарение на Сандра Новеска

 

Оваа статија е објавена во Активности на ФСМ, Вести, Занимливости.

One Response to Изложба за два часа-мојот град низ слики

  1. Pingback: Nokia Lumia 1020 со 41МР камера | ФСМ