Откако и во пракса проверивме дека со солидно направен паметен телефон може да се направи фотографија со пристоен квалитет за печатење веројатно се повеќе ќе имаме вести од овој тип. За многумина неверојатно и неитересно, но, еве, излезе телефон со камера која има 41 мегапиксел.
Телефонот има AMOLED дисплеј од 4.5 инчи, Snapdragon процесор со 2 јадра со брзина од 1.5GHz, внатрешна меморија од 32GB, 2GB RAM меморија, но во центарот на вниманието очигледно беше главната PureView камера од 41МР. Carl Zeiss оптика,, оптичка стабилизација на слика, xenon блиц за слики и LED блиц за видео, Nokia Rich снимање видео, full HD 1080p видео поддршка и заден сензор.
Иако тешко дека овој уред може да замени макар и ДСЛР од најниска класа, сепак, доколку му се знаат ограничувањата, во одредени ситуации веројатно ќе може да даде сосема пристојни резултати од една страна, а од друга, го гледаме трендот на пазарот во кој особено се загрозени малите ефтини компакти. Погледнете го и ОВОЈ обид за надминување на таквите ситуации.
Повеќе детали ОВДЕ