Пропозиции и пријава за „Денови на македонска фотографија“ 2020

57ми Денови на македонска фотографија

Важно соопштение !

Годишна изложба на фотографии на ФКК „Битола“

Традиционална 21ва изложба на фотографии на ФК „Охрид“

Изложба на фотографии – ДМФ 2019

Фото сојуз на Македонија објавува „ Изложба на фотографии – ДМФ 2019 “

На 21ви јуни во НУ Уметничка галерија „ Безистен“ во Штип со почеток во 21,00 часот , ќе биде претставена изложбата од последните 57 ми „Денови на македонска фотографија“ . Љубителите на добрата фотографија од Штип ќе можат да ја видат, специјално за нив репризирана поставката од последните ДМФ кои оваа година се одржаа во Прилеп. Фото сојузот на Македонија во соработка со двата клуба ФК „ Ванчо Прке “ и ФК „ Широк агол “ и подршка од Локална самоуправа на градот , прави исклучок и за првпат изложбата ја носи во Штип . Ќе ни биде особено задоволство да присуствувате на претставувањето на најдобрите фотографии и автори од Македонија .

57ми „Денови на македонска фотографија“ 2019

PDF документ за наградените фотографии од каталогот.

Изложба на фотографии „ Јапонија “

Дејан Колевски Кандидат мајстор на Фото сојуз на Македонија со својата изложба на фотографии „ Јапонија “ имаше успешно претставување пред скопската публика . Галеријата на НЛБ Банка станува вистинска место за посета на љубителите на добра фотографија. Така беше и овојпат .

Повеќе »

Резултати од ДМФ 2019

 

Резултатите од жирирањето за 57мите „ Денови на македонска фотографија “ 2019 одржано на 13 април 2019 во Центарот за култура „ Марко Цепенков “ во Прилеп.

Повеќе »

„Моменти“ за ФИАП Колор Биеналето

Уметничкиот совет во состав Боро Рудиќ Мајстор на фотографија на ФСМ , Цветан Гавровски Мајстор на фотографија на ФСМ и Владимир Арсовски , исто така  Мајстор на фотографија на  на Фото сојуз на Македонија ја комплетираше колекцијата со наслов „ Моменти “ за ФИАП Колор Биеналето што ќе се одржи во Шпанија . УС се обиде да направи компактна целина од вашите фотографии. Дел од фотографиите кои имаа висока вредност, за жал неможеа да бидат вклопени во овој концепт. Благодараност до сите за учеството и честитки до авторите на примените фотографии. Да си посакаме среќа со надеж дека ќе освоиме заслужено високо место