Пренесуваме информација за конкурс за фотографии од Скопје. Ставот на редакцијата е дека е во ред да се пренесат информации кои се поврзани со фотографијата, но секако дека сметаме дека треба да се оградиме од содржината на огласот. Повеќе »
Архива на авторот: FSM
Изложба на ФК ЕЛЕМА во Сараево
Патувачката изложба „Елема монохроматик“ на фото клубот Елема од Скопје ќе биде отворена во понеделник, на 5 ноември во 19:00 часот во галеријата БлекБокс (BlackBOX) во Сараево.
Со 30тина фотографии авторите од фото клубот Елема се претставуваат пред Сараевската публика прославувајќи ја 50 годишнината од постоењето на клубот.
Формиран 1962та од група студенти на Електро техничкиот и Машинскиот факултет во Скопје, Елема успева да опстои до денеска благодарејќи на нејзината способност да привлече нови генерации кои носат подстрек и елан за работа и творење, а истовремено да ги задржи старите членови кои придонесуваат да се одржи високото ниво на фотографската естетика.
„Елема монохроматик“, иако претставува само дел од творештвото на членовите од клубот, јасно го пренесува нивниот поглед кон современата фотографија, нивните идеи, творештво и длабоката љубов кон фотографијата.
Изложбата е поддржана од Право Људски – филмскиот фестивал за човековите права, Сараево, а ќе биде отворена до 12 ноември 2012. Таа до сега се претстави и пред словенечката публика во Марибор, градот на културата на Европа за 2012.
Владимир Секуловски – Бистра
Фото клубот Елема годинава традиционално го организира, по тринаесетти пат, биеналето на уметничка фотографија Фотомедиа. По Фотомедиа за Скопје слушнале многу автори од најразлични земји од светот, а самата изложба е еден вид на реминисценција на едно активно, разиграно, квалитетно Скопје, кое е дел од светската културна мапа. Ќе биде интересно да се види овогодинешното издание, заради тоа што на глобалното поле културниот натпревар се повеќе се одвива дигитално, а Фотомедиа останува верна на вредностите кои гласно ги декларира, дека единствено на печатената (принт) фотографија може да се гледа како на краен продукт на авторот.
Рокот за пријавување на фотографиите е уште во тек и истиот завршува на 8 ноември 2012.
Изложба на фотографии „ Пат “ на Миладин Чолаковиќ – Кинотека
Регоналната платформа за активизам „Лице в лице“ има чест да ве покани на изложбата на фотографии насловена „Пат“ на кинематограферот и фотограф Миладин Чолаковиќ. Настанот ќе се одржи на 3 ноември (сабота) во Кинотеката на Македонија со почеток во 19 часот. Повеќе »
Изложба на фотографии и конкурс на тема Гевгелија
По повод 7ми Ноември, Општина Гевгелија и Дом на култура-Гевгелија, организираат изложба на фотографии.
Oткуп на најдобрите фотографии:
– 12.000,oo ден. – I место
– 7.000,оо ден – II место
– 5.000,оо den – III место
Kраен рок за доставување на делата: 02 ноември, 2012. во Дом на Култура Гевгелија (адреса: Пионерски Дом). Формат 30×40. Делата се враќјаат, освен тие што ќе бидат откупени.
Конкурсот е јавен и отворен за сите заинтересирани.
Неверојатна камера која го забележува времето
Фотографот Jay Mark Johnson, користи скоро неверојатна технологија (народски кажано, камера со шлиц) која, како и сите останати камери користи основни физички закони но дава неверојатни резултати. Повеќе »
XL Trofeo Gipuzkoa Internacional 2012, Шпанија
Рок до: 31.10.
Теми: 1.Слободна колор 2.Слободна монохром
Формат: дигитална
Котизација: 22 еур
Контакт: sfg@sfg-ss.com
1st International Photocontest and Exhibition to the Day of Fidelity, Унгарија
Рок до: 31.10.
Теми: 1.Слободна колор 2.Слободна монохром 3.Историја
Формат: дигитална
Котизација: 15-22 еур
Web: http://www.sopronifotoklub.hu
Контакт: contest@sopronifotoklub.hu
3rd Gia Dinh Photo Club International Photographic Exhibition, Виетнам
Рок до: 30.10.
Теми: 1.Слободна колор 2.Слободна монохром 3.Природа 4.Патувања
Формат: дигитална
Котизација: 15-25 усд
Контакт: trungthuyhoang@yahoo.com
Orhan Holding 8th International Exhibition of Photography, Турција
Рок до: 30.10.
Теми: 1.Слободна 2.Магијата на светлината 3.Експериментална, 4.Напори
Формат: принт, дигитална
Котизација: 10 еур
Web: http://www.orhanholding.com
Контакт: ipc@orhanholding.com


