Почитувани фотографи,
Архива на авторот: FSM
ДА ГО СОБЕРЕМЕ НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА НА ЕДНО МЕСТО!!!!
25 години Фотошоп!
Поминаа 25 години од излегувањето на првата верзија на Adobe Photoshop. Во продолжение погледнете едно навидум забавно видео за омилената алатка на многу фотографи, кое сепак поставува многу фундаментални прашања. Колку технологијата не прави зависни, мрзливи, какво влијание има врз креативноста?
Уживајте!
ФОТО САЛОН КУМАНОВО 2014
ФКК Козјак од Куманово ве кани на отворањето на изложбата Фото Салон Куманово 2014.
Отворање во петок, 27.02.2015, 20.00 часот, во просториите на Уметничката галерија на Град Куманово.

Се гледаме на изложба!
Изложба на Боро Рудиќ
Именувана како „Настанување и исчезнување“ за прв пат пред скопската публика ќе се претстави мајсторот на фотографија, Боро Рудиќ, долгогодишен член на ФК Елема и актуелен претседател на Фото Сојузот на Македонија.
На изложбата ќе бидат претставени четириесетина фотографии во голем формат а на отворањето ќе биде промовирана и истоимената книга.
Изложбата ќе се отвори 18.02. 2015 година во Музеј на Град Скопје во 20.00 часот и ќе трае до 01.03.2015 година.
Честитки од редакцијата на ФСМ!
Мистеријата Маер
Колку често ви се случило да се обидете да побарате нешто на интернет и да не најдете ништо? Скоро никогаш нели? И нормално е. Во едно вакво време кога секојдневно се предозираме со потребни и непотребни информации, една таква ситуација ни е незамислива. Но можноста за да се случи не е исклучена. Пред еден таков предизвик се поставил John Maloof купувајќи кутија со негативи на една од аукциите кои често ги посетувал. Името Vivian Maier не значело ништо ни за него, ни за неговиот пријател Гугл. За среќа, го следел неговиот инстинкт до крај за денес целиот свет да ја знае приказната за дадилката фотографка од Чикаго – Vivian Maier.

Парадоксална, храбра, ексцентрична, повлечена, мистериозна. Со овие описни придавки започнува документарниот филм на John Maloof- Finding Vivian Maier.Станува збор за една мистериозна жена која се испоставува дека всушност работела како дадилка во Чикаго, постојано негувајќи ја својата страст – фотографијата, а нејзината посветеност резултирала со 150 000 негативи со кои не правела ништо освен што ги чувала. Планот на Џон да стигне до информацијата кому му припаѓаат сите тие генијални фотографии, по првите неколку интервјуа (со децата кои што ги чувала) добива сосема нов правец. Во сликата која тој си ја формирал за оваа жена веќе се наѕира двојна експозиција.

Vivian Maier, родена во Њујорк во семејство на мајка Французинка и татко Австриец, поголемиот дел од својот живот го минува во Чикаго зборувајќи англиски со француски акцент. И ако ова ви звучи комплицирано, треба да го погледнете филмот за да сфатите со што се‘ требало да се справи Џон. Таа по природа не била комуникатива личност и како средство за комуникација го користела нејзиниот Rolleiflex фотоапарат со кој успевала доста елоквентно да се изрази само што упорно одбивала да биде слушната. Таа го документирала духот на нејзината сегашност и ритамот на неколку декади во Чикаго. Во секоја фотографија впечатлива е нејзината сеприсутност со тоа што таа одбива воајеристички да ги раскажува туѓите приказни. Нејзините објекти се свесни за нејзиното навлегување во нивниот личен простор и немаат никаков проблем со тоа. Секоја нејзина фотографија е кратко сиже за нечие животно искуствораскажано преку чистата емоција. Покрај фотографиите од нејзиното опкружување, таа инсистирала да се прикаже и себе си како интегрален дел од средината, а тоа го постигнала со своите автопортрети и тоа фотографирајќи ги своите рефлексии од огледа и излози. Во овие прикази забележлива е нејзината ексцнетричност која всушност е ненамерна. Едноставно, оваа многу висока дадилка сакала да носи широка облека, големи палта и шешири. Но сепак, најважната разлика меѓу автопортретите и нејзините останати фотографии е безизразноста на нејзиното лице во споредба со експресивноста на оние кои ја опкружувале. Безизразност која го навестува данокот што го ќе го плати нејзината генијалност на уметноста. Нејзиното одбивање да разговара за себе си и своите чувства со било кого, отсутноста на семејство и пријатели и од друга страна сведочење на толку туѓи животни искуства, кон крајот на нејзиниот живот, се манифестираат во лудило. Во суштина, кога Мајер не го компонирала својот следен кадар, била ладна, строга, затворена па можеби и исплашена, па не е ни чудо што зад себе оставила толку големо творештво. Тоа што одбивала истото да го покаже дополнително говори како фотографијата било нејзиното средство запреживување.

Невозможно е накратко и јасно да се пренесе нејзината приказна тука, а нема ни да се обидам бидејќи тоа совршено добро го направил John Maloof.И покрај тоа што тој нема претходно искуство со филмската уметност, успева одлично да се справи со сите правци на ветрот кои му ги носи ова патување. Неговата упорност резултира со едно јасно и концизно раскажување на туѓа приказна што е за пофалба доколку се земат во предвид комплексноста на самата личност, многубројноста на животите од кои била дел од кои пак произлегуваат најразлични верзии за она што таа го правела и она што навистина била. Покрај снимањето на овој документарен филм, Maloofуспеал (иако постхумно) да и‘ го донесе вниманието на Vivianкое можеби не го побарала, но дефинитивно го заслужува. Изложби на нејзините фотографии се поставуваат во познати галерии низ целиот свет, а покрај фотографиите останува и овој документарен филм вечно да ја раскажува нејзината приказна. Дефинитвно, вреди да се погледне!
Јована Мишкоска via plagij.at
Куманово 2014, изложба
Фото групата Ф7 ве кани на отворањето на изложбата Куманово 2014. Четврток 25ти декември, 2014 година, во 19.30 часот, во Националната установа Центар за Култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Се гледаме на изложба!
Годишна изложба на фотографии ФКК Битола 2014
Оваа година на 6 декември „ФКК Битола“ ја организира третата клупска изложба по ред. Во изминатиот период, клубот активно продолжи да се заложува за развојот на уметничката фотографија во нашиот град. Од сите активности кои клубот ги превзеде во таа насока, посебно се издвојува светската изложба на дигитална фотографија „Фото Фест Битола 2014“ под покровителство на сите поголеми фотографски асоцијации, со што се направи голем исчекор напред.
Годишната клупска изложба на ФКК Битола е ретроспективна, и опфатени се поголемиот број на фотографии кои се примени и наградувани на разни држави и меѓународни изложби на кои нашите членови редовно земаат учество и постигнуваат забележителни резултати.
Ќе ни биде чест доколку со вашето присуство ја збогатите нашата трета клупска изложба
Годишна изложба на Фото клуб Охрид
Традиционална изложба на ФК Охрид
ФК Охрид ги кани сите љубители на фотографската уметност на нивната традиционална изложба во чест на Свети Климент.

Во прекрасниот простор во куќата на Робевци, во срцето на стариот град, на седми декември, во 19.30 часот ќе се отвори поставката на црнобели фотографии на тема Охрид. Се гледаме!
Фотографии од Стефан Лупино во Галерија 8
Хрватскиот фотограф Стефан Лупино ќе има изложба во Галерија 8 – Безистен, во Старата скопска чаршија. Изложбата е закажана за 21 ноември во 21 часот.

Стефан Лупино е еден од нај познатите естрадн и моден фотограф од поранешните југословенски простори. Во златниот период на 70-тите и 80-тите години на минатиот век Лупино престојува во Америка во Њујорк. Препознат од големите издавачки куќи станува фотограф за познатите списанија и на нивните насловни страни се објавени негови фотографии, како: “Вог“, „Фото“, „Зум“, „Еуропео“, „Л’Еспресо“ и многу други светски часописи. Тој денес уште е актуелен фотограф во „Плејбој“.

Лупино покрај со фотографија се занимава и со скулптура и сликарство за кои критиката ке го наслови како правец „Лупинизам“. На оваа изложба публиката ќе може да погледне 30-тина фотографии само еден мал сегмент од творештвото на Лупино.


