Редакција


Каде ќе оди фотографијата во новата година?

Од Сашо Алушевски добив интересен предлог: да напишам нешто во врска со тоа „Каде ќе оди фотографијата во новата година?“ Не знам зошто една активност, која во голема мерка е илузија, е важно во кој правец ќе се развива догодина? Но оваа тема за писмена работа не се пропушта. И затоа решив да напишам неколку зборови за тоа:  „Каде ќе оди фотографијата во новата година?“ Повеќе »

ДУША 2013, попуст за македонски автори

Фото кино клуб Козјак ве повикува да земете учество на Меѓународната изложба на уметничка фотографија ДУША 2013, која е под покровителство на ФСМ, ФИАП, ИААП, УПИ и ИСФ. Сите автори од Македонија добиваат попуст, односно можат да земат учество за 300 ден по тема. Повеќе »

Свежа фото иницијатива!

Една иницијатива за секаков поздрав и почит, И од естетска и од хумана димензија. Станува збор, за спонтана иницијатива на Букбокс, 12 твитер девојки, двајца професионални фотографи (Владимир Тасевски и Димитар Петровски) и една дизајнерка (Гордана Војнеска), направија хуманитарен дигитален календар кој ќе се промовира на 23.12.2012 (недела) во кафе „Ли“ од 20 часот.

Повеќе »

Актови безбедни за малолетни

Одличен проект на фотографот  Shinichi Maruyama. Веруваме дека ќе уживате во неговиот необичен поглед кон голото човечко тело. Направени се со помош на кореографи и советници за игра. Повеќе »

Осврт кон годишната изложба на ЧКРАП! – 2012

Студена Декемвриска Сабота. Темно. Закопани автомобили во снег. Паркинг  замрзнат како хокејашки терен а наплаќа скапо, поскапо и од центарот во Скопје.

Неосветлените улици и луѓе кои брзаат да се приберат во домовите, само ја дополнуваат оваа “мрачна“ атмосфера. Нормално  во себе си го поставуваш прашањето “Па што му требаше на  Чкрап да прави изложба“, и со оваа мисла влегуваме во Домот  “Иљо Антевски Смок“ каде беше поставена. Повеќе »

Деветта изложба на Чкрап!

Повеќе »

DxO ViewPoint 1.1

Нова верзија на DxO ViewPoint софтверот за корекција на дисторзии. Се фалат дека се ненадминати. Овде рецензија.

Apple и Google здружуваат сили да ги „лапнат“ патентите на Кодак

Заради загуби и банкрот на одредени гранки од брендот на Кодак, некои патенти се ставени на добош. Се шушка и зборува дека Apple и Google се здружуваат за да добијат голем дел од колачот. Линк

Водич за празнични покуповки за пациенти

На страната на dpreview можете да најдете нивни препораки и совети што да си/им купите на вашите блиски, пациенти кои буџетот и вредноста на нештата ги гледаат само преку противвредност од објективи или апарати. Повелете линк .

Почина Брус Баер

На 83 години, почина научникот кој за Кодак го измисли Баер филтерот и овозможи развој на дигиталната фотографска технологија. Како куриозитет може да се земе дека доживеа да го види својот изум во својот максимум и почина кога сериозните фотоапарати почнаа да се прават без него.

Повеќе