Редакција


Резултати од жирирање Фотомедиа 2012

Резултати од жирирањето – Фотомедиа  2012

Изложба на ФК ЕЛЕМА во Сараево

Патувачката изложба „Елема монохроматик“ на фото клубот Елема од Скопје ќе биде отворена во понеделник, на 5 ноември во 19:00 часот во галеријата БлекБокс (BlackBOX) во Сараево.

Со 30тина фотографии авторите од фото клубот Елема се претставуваат пред Сараевската публика прославувајќи ја  50 годишнината од постоењето на клубот.

Формиран 1962та од група студенти на Електро техничкиот и Машинскиот факултет во Скопје, Елема успева да опстои до денеска благодарејќи на нејзината способност да привлече нови генерации кои носат подстрек и елан за работа и творење, а истовремено да ги задржи старите членови кои придонесуваат да се одржи високото ниво на фотографската естетика.

„Елема монохроматик“, иако претставува само дел од творештвото на членовите од клубот, јасно го пренесува нивниот поглед кон современата фотографија, нивните идеи, творештво и длабоката љубов кон фотографијата.

Изложбата е поддржана од Право Људски – филмскиот фестивал за човековите права, Сараево, а ќе биде отворена до 12 ноември 2012. Таа до сега се претстави и пред словенечката публика во Марибор, градот на културата на Европа за 2012.

Владимир Секуловски – Бистра

Фото клубот Елема годинава традиционално го организира, по тринаесетти пат, биеналето на уметничка фотографија Фотомедиа. По Фотомедиа за Скопје слушнале многу автори од најразлични земји од светот, а самата изложба е еден вид на реминисценција на едно активно, разиграно, квалитетно Скопје, кое е дел од светската културна мапа. Ќе биде интересно да се види овогодинешното издание, заради тоа што на глобалното поле културниот натпревар се повеќе се одвива дигитално, а Фотомедиа останува верна на вредностите кои гласно ги декларира, дека единствено на печатената (принт) фотографија може да се гледа како на краен продукт на авторот.

Рокот за пријавување на фотографиите е уште во тек и истиот завршува на 8 ноември 2012.

Изложба на фотографии „ Пат “ на Миладин Чолаковиќ – Кинотека

Регоналната платформа за активизам „Лице в лице“ има чест да ве покани на изложбата на фотографии насловена „Пат“ на кинематограферот и фотограф Миладин Чолаковиќ. Настанот ќе се одржи на 3 ноември (сабота) во Кинотеката на Македонија со почеток во 19 часот. Повеќе »

Неверојатна камера која го забележува времето

Фотографот Jay Mark Johnson, користи скоро неверојатна технологија (народски кажано, камера со шлиц) која, како и сите останати камери користи основни физички закони но дава неверојатни резултати. Повеќе »

Аспекти на балканската фотографија

Деновиве се случува едно, барем на хартија интересно собирање, Аспекти на балканската фотографија, Солун 2012. Има интересни изложби, средби, излагања. Дури има и, колку што успеавме да видиме и еден претставник од Македонија.

Самото случување има некоја доза на контроверза или недоволна сериозност во пристапот, но тоа можеби и се должи на грчкиот однос кон странските јазици и не така добро подготвената веб презентација. Пресудете сами…

Фотографии преку кои се гледа

Ве пренасочуваме кон порталот офф.нет, кој од самиот почеток нуди сериозен третман на фотографијата и често објавува текстови и галерии кои најчесто се квалитетно истретирани и издржани и за страница од фелата како нашава. Проследете го текстот за слепата фотографка Соња Собертас

 

UJT 1st International Photo Contest, Турција

Рок до: 20.10.

Теми: 1.Монохром слободна, 2.Колор слободна

Формат: дигитална

Котизација: 10-15 еур

Web: http://www.hukab.org

Контакт: bucar@hukab.org

3ème Festival international de Venette, Франција

Рок до: 20.10.

Теми: 1.Стрит фотографија

Формат: принт

Котизација: 15-20 еур

Web: http://www.venette.fr/Actualites/Festival-de-la-photo-de-Venette 

Контакт: decroix.francis@orange.fr

По Fuji и Kodak повлекува една легендарна емулзија…

 

 

 

 

 

Повеќе »

Самит на фотографите од бившите југословенски простори

Иако веројатно на повозрасните терминот самит ќе им поттикне некои поразлични асоцијации кога е собиранка на луѓе од бившите југословенски простори, секако дека ова е една интересна форма на контекстуализација на соверемените фотографски текови. Повеќе »