Редакција


Фотокина 2012, од самото место на случувањата

Драги наши, вакви содржини немаме така често. Проследете ги импресиите од Фотокина 2012, напишани ексклузивно за страната на ФСМ, на еден духовит и неформален начин, би рекле од перспектива на просечен корисник, иако авторот Орце Поповски е многу повеќе од обичен корисник на техниката . Ставовите изнесени подолу, се негови лични ставови и не нужно се поклопуваат со ставовите на редакцијата на страната на ФСМ.

Повеќе »

Наши фотографи во странство, интервју со Милчо Пипин

Проследете го интервјуто со еден „нашинец“ кој живее, работи и заработува од фотографија, на другиот крај на земјината топка.

ФСМ: Здраво Милчо. Како си? Во каков период те наоѓаме?

М.Пипин: Здраво. Добро сум. Благодарам на поканата.

Повеќе »

Cовремената македонска фотографија, галерија Принципиј, Ријека, Хрватска

Македонската современа фотографија преку работата на 31 автор и 45 изложени дела, ќе се претстави утре пред хрватската публика.

Изложбата насловена „Современа Мiакедонска фотографија“ ќе биде отворена утре, 25.09.2012, во 20:00 часот во галеријата Принципиј во Ријека, Хрватска, а ќе ја отвори почесниот конзул на Р.Македонија во Хрватска Горан Калоѓера.

Изложените фотографии се избор на уметничкиот совет при Фото сојузот на Македонија, кој преку оваа селекција сакаше да ја презентира фотографијата во Македонија денеска, но и работата на авторите од разни генерации, кои работат самостојно или како членови на фото клубовите, како и мотивите и идеите кои авторите најчесто ги преокупираат.

„Овие 45 фотографии се силно поврзани и вмрежени со изворната праисконска идеја на фотографијата. Го имаат уловено животот или ситните нешта кои животот го прават поубав. Дали е тој живот фатен на улица, во од, или е режиран според магичната снимателска имагинација на авторот и преточен во трајна фотографска слика, на крајот не е воопшто битно. Творечките патишта на авторите се различни, а методиологиите силни и со силен личен печат. Резултатот на овие индивидуалности е актуелна и современа фотографија, која со самиот чин на избор од страна на стручното тело се престорува во историски факт и по овој автоматизам преминува во архивски материјал. Не само архивски материјал, туку добива значење на културно добро бидејќи ја претставува фотографската работа на една земја. Духот и свежината од непосредноста на овие фотографии силно се чувствува…“ во каталогот за изложбата ќе каже проф. Борислав Божиќ.

 

Повеќе информации на: http://photori.org/photori/suvremena-makedonska-fotografija/

Галерија од отворањето

Поздрав,
www.fotosojuz.mk

Nikon D600 и Canon 6D

Жешките есенски новости во трката на пазарот на дигитални СЛР камери се вшештува до усвитување пред годинешнава Фотокина! Nikon го најави својот D600 а Canon новиот 6D! И двете камери се со слични перформанси. Наменети за горе-долу „сличен профил“ на напредни корисници. И двете камери се со слични контроверзи. И двете камери имаат напредни функции од поамбициозните тела на нивните постари „браќа“ како и доза на „безобразлук“ во тенденцијата на подигнување на цената на оваа класа на дигитални фото-апарати. Погледнете ги спецификациите:

Nikon D600 иCanon 6D

Irving Penn, портрети во ќош

Погледнете ја галеријата од неколку фотографии на фотографот Irving Penn. Ништо спектакуларно, ама можеби на сите ни е збоктисано од „спектакуларни визуелни надразби“ кои остануваат само по неколку секунди во краткотрајната меморија, до следниот клик. Овде повеќе станува збор за суптилен израз, минималистички пристап и добар пример како едноставни креативни решенија можат да бидат многу ефикасни. Повеќе »

Nikon сака класа погоре

Еве нешто и за корисниците на Nikon, или за нивните суети или барем за нивните вистински или посакувани миленичиња. Споредба помеѓу два системи од различна (?) класа.

Трилиони фрејмови во секунда

Се сеќавам на фасцинацијата од фотографијата на куршум кој поминува низ јаболко, на пионерот во оваа област, фотографот Harold Edgerton. Прв пат ја видов во Политикин Забавник, како основношколец. Се сеќавам како ја гледав со часови, без мисли и јасен мотив зошто. Видеово зборува за границата која оди милиони пати побрзо. Приказната е техничка, можеби гиковско-хипстерска, но веруваме за дел од вас интересна. Погледнете го видеото:

Повеќе »

Камера што ги снима сонцето и ѕвездите сред бел ден!

Мислите дека вашата најнова камера е ѕвер? Можеби. Познавачите велат дека ова се најдобрите камери на светот. Ако не се најдобрите во онаа смисла која нас најмногу не интересира, секако ова се најмоќните машини со неверојатен динамички опсег. CCD сензор од 112 мегапиксели, без никаков филтер, за што подобар квалитет…

Canon EOS M

Canon се бори со конкуренцијата која веќе е етаблирана на пазарот со ваквите ситеми. Оваа камера не нуди нешто особено револуционерно. За оние кои имаат фетиш кон брендови, ова може да е добра џебна замена за теглите со голема маса, за не така амбициозни снимања.

Нов Sony RX1 ?

Уште едно шушкање за нова камера од 2800 $ ? Апаратот има привлечен изглед и по него може да се заклучи дека се лакта со Fuji и Panasonic перјаниците.